Што се случи?
Американската компанија Liberty Media минатата есен го започна процесот на купување на Форнула 1 и на крајот ги доби сите потребни согласности од анти-монополните органи, инвеститорите и ФИА и стана сопственик на трките од Ф1.
И како што е обично случај во САД, веднаш се разви бурна дискусија. Како резултат на важните кадровски промени се случи и она што долго време се најавуваше - бесмртниот Берни Еклстон ја загуби својата позиција и го ставија на должноста почесен претседател на Формула 1.
„Ме сменија“, кратко прокоментира Англичанецот видно огорчен на новите сопственици.
Еклстон низ историјата
Животот и кариерата на Берни отсекогаш биле поврзани со трките и бизнисот.
Штом станал полнолетен, мистер Еклстон почнал да се занимава со трговија на резервни делови за моторцикли, па дури и основал фирма со својот ортак Фред Комптон. Но не заборавал на трките - на 19 години дебитирал во Формула 3.
И покрај трките, Берни добро го управувал својот бизнис - за четири години неговата компанија станала една од најкрупните во Британија, а тркачката кариера ја завршил со тешка незгода.
После тој инцидент интересот на Берни за Гран-прито не опаднал. Во 1957. година, точно пред 60 години Англичанецот ја купил својата прва екипа во Формула 1 - „Конот“.
Заедно со својот другар Стјуарт Луис-Еванс го направил последниот обид да се врати меѓу пилотите - на Гран-прито во Монако, но реалноста била поинаква: Еклстон не ги поминал квалификациите и од тогаш се фокусирал на менаџмент/управување.
По еден тежок судир на ГП во Монако во 1958. Стјуарт се запалил, а шест дена подоцна во болница им подлегнал на повредите. Берни бил во шок од загубата на блискиот пријател.
Се вратил како менаџер на Јохен Риндт, но после две години ја видел неговата тешка несреќа на тренингот за Гранд прито на Италија кога Германецот загинал.
Потоа Берни го купил тимот Бребхам за да влијае на патувачкиот циркус и практично веднаш ја основал Асоцијацијата на конструктори во Формула 1 заедно со Макс Мосли. Оваа организација со напори на Берни ја изменила серијата таква каква што ја знаеме денес. Благодарение на долгогодишната војна со Меѓународната автомобилска федерација Ф1 се стекнала со можност да управува со правилата и текот на парите.
Кога Англичанецот како-така нашол заеднички јазик со ФИА, Ф1 се стекнала со права да ги заклучува тв договорите и да распределува приходи. Можноста за составување технички правила им ја оставил на чиновниците во Париз.
Тотална контрола
На почетокот на ’80-те во Формула еден се вртеле огромни пари: благодарение на тв преносите серијата станала многу гледана во цел свет, а во шампионатот влегле големи спонзори и автопроизводители. Се појавиле и талентирани пилоти - Ајртон Сена и Ален Прост возеле фантастични трки и тоа му помогнало на Берни да ги наполни џебовите со долари.
Во 1993. година Берни и Макс го довршиле започнатото - Мосли победил на претседателските избори во ФИА и на својот компањон практично му дал слобода на дејствување. Итриот Англичанец ги собрал сите компании кои се занимаваат со комерцијални делантности во сферата на Формула 1 во една и станал шеф.
Влијание врз автоспортовите
Тоа му било главна цел - да стане шеф и лично да ги решава прашањата на цените.
Како резултат на тоа во 1999. година Европската Комисија ја обвини ФИА и компанијата на Берни за нарушување на правата за конкурентност и го принуди Еклстон формално да се повлече од должноста потпретседател на ФИА. И покрај жесторкиот отпор, Англичанецот е најзаслужен за серијата Формула 1 каква што ја знаеме и денес.
Берни е меѓу најзаслужните што Формула 1 има напредна технологија, развиени болиди и најдобри конструктори. Не без причина Американците биле спремни да платат 8,5 милијарди долари. Но и покрај тоа, мал број луѓе можат да го замислат светот на Ф1 без „Кралот на автоспортовите“.
Скандалите на Еклстон
Скандалите одат заедно со големата слава и парите. Што стоело зад цврстите обвинувања за корупција? Случајот стигнал до суд само еднаш - пред неколку години кога Еклстон беше обвинет за давање големи суми мито со цел да се забрза транзицијата за продажба на Формула 1 на фондот CVC.
Самиот Берни стоел на својата верзија дека тој не бил ниту сторител на кривично дело, ниту жртва. Банкарот Герхард Грибковски го открил незаконско работење на Еклстон преку трасата „Пол Рикар“ (фонд на неговата поранешна жена со која Англичанецот формално немал никаков однос) и го уценувал со овие информации.
Но судот добил 100 милиони долари кауција и го повлекол обвинението.
Истовремено, Високиот суд во Лондон признал дека Берни успешно ја продал Формула 1 без учество на банките. Но Берни при излезот од судот негирал: „Не, не постои директна загуба“.
Не треба да се заборави и на познатиот споразум со екипите во Формула 1. Берни толку им ги врзал рацете што Ферари во еден момент ветуваше дека ќе излезе од шампионатот и ќе формира свој ако не добие некој вид голема финансиска корист на штета на помалите тимови. Берни се согласил на тоа затоа што бил свесен дека Формула 1 без Ферари не е тоа, но во истовреме предизвика лавина реакции од другите тимови кои се жалеа на неправеден систем.