Mногу убаво ни доаѓа кога од време на време автор кој инаку се занимава со „посуви" теми ќе си го отвори лирскиот фолдер и ќе ни се покаже во сета негова сетилност. Во случајов се работи за Теофил Панчиќ и неговиот текст во најново „Време", кој тежи и капе од хедонизам.
Прашањето поставено на Куора го одговара корисникот Кен Мијамото, поранешен вработен во Сони Пикчерс. На кратко, одговорот е - снима, затоа што филмовите со Сендлер прават пари.
Легендата Џон Мекинро изгледа не може да се помири дека тој одамна е повлечен од тениските терени а неговите архи-непријатели се сè уште таму. Па предлага судиите комплетно да бидат одстранети од тенисот. Еве како го замислува тој тоа.
Составот на Луи ван Гал е првата селекција на Мундијалот во Бразил која со максимални три победи ќе патува во посакуваната нокаут фаза. Светскиот шампион не ги излечи раните со убедливата победа против Австралија.
Со гол во 95 минута фудбалерите на Португалија во трилер завршница се спасија од пораз на средбата против САД, но останаа со минимални шанси за пласман во нокаут фазата.
ИСИС успеаа со 800 луѓе да ја разбијат 30-илјадната ирачка војска кој требаше да го одбрани Мосул. Главен виновник за ова е садистичкиот генерал на ирачката армија Ал-Гарави, човекот кој ја изгуби поддршката од жителите на Мосул и од Сунитите во своите единици.
Не е листа туку е цела книга со вакви податоци кои за дополнителен ефект се и меѓусебно поврзани, од типот луѓето што биле на состаноци на слепо, е поверојатно да имаат визит карти.
Минатата недела падна Мосул, вториот по големина град во Ирак. Западните (ТВ) аналитичари затекнати целосно неподготвени од ситуацијата одма почнаа да роварат околу тоа кои се добрите, а кои се лошите, и што всушност се случува во Ирак кој тие го оставија во мир.
Black Hawk Down е феноменалниот акционен филм за Битката за Могадишу. Историски знаеме тоа како заврши. Сега да видите како завршија 14 актери што глумеа во филмот.
За тие што зборовиве во насловот ништо не ви значат, глупо е допрва да проверувате на Википедија. За вас другите, една од причините е што буквално е полесно да шверцуваш ВХС видеорекордер отколку Бетамакс. П.С. Овие со авторските права уште пред 30 и кусур години биле истите плачковци ко денес.
Секое трето дете во Америка живее без својот татко и наместо него има еден или сериски "вршители на должноста". Групи на кои им е важна оваа тема велат дека државата направила многу повеќе да ги интегрира жените на работното место отколку да го интегрира мажот во семејството.
По стапките на речиси сите фаворити, и фудбалерите на Германија победнички ја стартуваа мундијалската авантура во шестиот фудбалски ден во Бразил. Жртва беше селекцијата на Португалија која беше прегазена со 4:0.
Чудно е, но вистинито - во која и да е група од 23 луѓе постои 50% шанса двајца од нив да се родени на ист ден. На светското во Бразил има 32 екипи со по 23 луѓе, што е одличен терен за проверување на вистинитоста на ова тврдење.
Врз основа на податоците од Светската здравствена организација, мапа на светот според болеста која одзема најмногу човечки животи. Ајде храбро, од нешто мора да се умре....
Фудбалската репрезентација на Франција ја оправда фаворитската улога против аутсајдерот Хондурас во групата Е на Мундијалот во Бразил. На другата пресметка Швајцарија со пресврт се избори за три бода против Еквадор.
Македонската ракометна репрезентација ја прегази Грција во реванш пресметката од баражот за Светското првенство кое се игра наредната година. Со убедлив триумф од 12 голови разлика, избраниците на Ивица Обрван приредија ракометно шоу во преполнетата сала „Борис Трајковски“.
Фудбалерите на Колумбија ја оправдаа фаворитската улога и без многу тешкотии славеа убедливо над Грција со 3:0 на првиот меч од третиот мундијалски ден во Бразил.
Иако во последно време се изнаглуми во глупи филмови, дечкото кој го запознавме во филмовите на Гај Ричи се уште изгледа како таличен. Неговите физички тренинзи ги имаме во детали. Сфативме дека не мора саат и пол, туку 40 минути.
Не бе, не сме остарени. Само што Тетрисот деновиве наполни 30 години! Во има не сите искинати нерви и стресови кои ни ги приредил, погледнете го ова лудило во 20 секунди: ова е првиот пат кога некој (еден Јапонец) ја срушил бариерата од 20 секунди (19.68). Грозно, грозно брзо,
Па побогу луѓе... како бре Вас ве третирале од таму од кај шо сте дошле? Толку лошо шо најтривијалните срања ви изгледаат ко бајка? Тоа ли е целта у животов за да се воодушевувате и за толку тривијални срања да споредувате држави?
Постои еден паметно составен тест кој служи човек да препознае дека разговара со компјутер иако тој му се претставува како човек. Не се случило компјутер да го помине тој тест. Досега.
Утрото ни почна со краток осврт од финалната серија во НБА лигата помеѓу Мајами и Сан Антонио на која доминираше Леброн Џејмс. Од таму се селиме на едно друго финале во кое нема да ви пренесеме ниту еден збор за кошарка, затоа што се играше во Бејрут.