Бензема го реши Хондурас

Фудбалската репрезентација на Франција ја оправда фаворитската улога против аутсајдерот Хондурас во групата Е на Мундијалот во Бразил. На другата пресметка Швајцарија со пресврт се избори за три бода против Еквадор.

Група Е

Франција - Хондурас 3:0
Бензема 45' 48' 82 ' 

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема со хет-трик и ја донесе првата победа на Франција. Со голот од пенал, Французите имаа предност по првиот дел од 1:0. На стартот од второто полувреме новата гол-технологија ја реши дилемата за спорниот погодок, а најубавиот гол Бензема го постигна на осум минути до крајот за конечни 3:0. 

Швајцарија - Еквадор 2:1
Мехмеди 48' Сеферовиќ 93' - Валенсија 22' 

Интересен меч се одигра и на Националенот стадион во Бразилија каде фудбалерите на Швајцарија со целосен пресврт во 93 минута го совладаа Еквадор. Јужноамериканскиот тим имаше предност по првите 45 минути со голт на Валенсија во 22 минута. Швајцарците веднаш нападнаа и израмнија во на стартот од вториот дел, а фудбалерот на Реал Сосиедат Харис Сеферовиќ беше заслужен за триумфот во последните мигови од мечот.  


15 јуни 2014 - 23:28