Канадски писма на читатели

Па побогу луѓе... како бре Вас ве третирале од таму од кај шо сте дошле? Толку лошо шо најтривијалните срања ви изгледаат ко бајка? Тоа ли е целта у животов за да се воодушевувате и за толку тривијални срања да споредувате држави?

Ќе си дозволам да го нашљакам текстов у жаргонизми, пошо така боље се доловуе моментот а и така ми лежи на срце.

Читам, некој си Штрк и некоја си Херцеговка по нетов им се вртат писма као се топ задоволни од Канадава пошо она пази била конобарица и не била третирана ко полуписмена фуфа, можела да поминува улица кај сака без да ја згазат, шофер на аутобус носел 800 долари цвикера и као сите биле вработени било тоа социјална држава и сите имале пари.

Па побогу луѓе... како бре Вас ве третирале од таму од кај шо сте дошле? Толку лошо шо најтривијалните срања ви изгледаат ко бајка? Тоа ли е целта у животов за да се воодушевувате и за толку тривијални срања да споредувате држави? На таа Херцеговката и гарантирам дека ако работела као конобарица дома топ ќе ја третирале ама дома јооок... сака да биде инжењер одма али не и у Кандава... така да таа категорија у Хецеговина остануе резервирана работа за повечето полуписмени фуфи.

Нејсе, еве ја и она страна на Канада за која никој не збори...

1. Знаете дека коа ќе ступнете у Канада дека првите 3 месеци немате здравствено осигурање и плаќате од џеб дебееееееело ако ви затреба лекарска помош? Комотно ќе скинеш конци и никој нема да те погледне. Идете у брза помош и бараат осигурање и ако немаш мораш да платиш прво за да те примат... никој не го интересира дали ќе умреш или не. Ти лупа у фаца - ако треба да скинеш конци ќе скинеш али без осигурање нема да те прегледаме. Недај боже да си со ризична бременост... 2650 долари за едно видување на гинеколог на приватно, у брза помош... 400 долари однапред и после сите прегледи на глава. А пази, од ден еден плаќаш даноци меѓу највисоките у свет. У просоек 30%. А да, и зашо то не го кажат тоа на страницата за имиграција ами дрндаат за лосови, пастрамки бели мечки и Ескими?

2. Добивате здравствено осигурвање... и? Ако треба лекарства, си купуеш, ако треба заби да попраиш си плаќаш, ако треба штака или цвикера си плаќаш, ако имаш инфекција, у Канадава не постои домицилна бактерија или вирус шо се третира па ќе си седиш дома и ќе кљокаш чаеви и бабини девитини за да не какаш крв (инфекција на црева или стомачен вирус)... Треба да идеш на операција? Нема проблем ќе почекаш 3-6 месеци за магнетна резонанца или 300 долари и ќе си идеш у Бафало. А да... труден си... гинеколог до 24 недела заборај... тој сваштарникот од лекар ќе ти кажуе шо да прајш... или ќе идеш на лекар и полуписмен Пакистанец ќе ти каже дека ќе умреш преку ноќ и таман да те заколе оној неурохирургот пошо малце посовесен ќе напраи дабл чек пред да ти збрца нож и ќе види дека тооа било шедоу и е перфектно здрав мозокот. И било беспари... е па беспари е коа ќе чекаш за специјалист година и два месеци, да убаво прочитавте година и два месеци!! А и беспари.. да иди види на чекот колку ти кинат.

3. Работа... имало работа. Да, има работа. Работа која изискува ниско ниво на образование..ко онаа конобарицата. Све друго поасално е многу тешко достапно за имиграција ко нас. Немаш канадско искуство! Ја мајката! Ја коа програмирав у Македонија пишуев код у клинесто писмо не у Јава, Перл или шо ти знам! По 5 години ко конобарица ќе добиеш инжењерска работа и толку ќе зимаш, 75 000 годишно, ќе носиш по 1900 долари дома на две недели и чао ѓаци. Не е лошо али далеку од арно ако е само една плата. По 2% покачуење годишно и толку. Менаџерски, ВП позиции и слично... заборајте. Тоа е резервирано за вајт англо саксонци ... тачно е дека има и наши луѓе релативно високо но тоа се толку малце и тоа се обично вундеркиндс и тие би ги стаил на страна. Тие да отидат и на Месечината ќе бидат пак ВП пошо се со гугл интелигенција.

4. Социјална држава... знаете ли дека пензискиот фонд на Канада на национално ниво е речиси колабиран? 70% од населението нема пензија од вработување (фирмите те колат овде ко магариња ги третираат вработените и нема бенефиции... ) само националната пензија од 700 долари. И.. И ајде одма втор пензиски столб за оние шо рабтат и шо имаат поасална компанија кој е задожителен... и ќе собираш пари до 65 години (наскоро 68 за мажи) и нема да ти ги дадат коа ќе се пензионираш туку ќе ти даваат месечно по пар иљади долари и 75 % нема да ги искористиш пошо на 70 години си со куферите у рука за на некое друго место. Да за она место за кое шо ќе мора да платиш 12 000 долари да го купиш...

5. Цени... аууу ѓе ме наѓе. Ја у Онтарио плаќам продукт произведен у Онтарио 88% повеќе него истиот продукт у Америка! Аллооооо овде е произведен! Цените генерално се околу 30% повисоки од Америка за све, а недвижности и да не спомињам. Гориво? Заборај! Храна? Заборај! Аута? Заборај! И да не редам..Америка не е субјект на дискусија али само као паралела.

6. Убиства... некој пишуе дека у Торонто има у просек 2 убиства годишно на секои 100 000? Да ниско е тоа али скеоја година си се зголемуе. Пукања, убоди и слични чудесии секој ден... ја отворете било кој дневен весник Канадски и ќе видите.

7. Сакаш да си доктор, учител или инжењер? Или некоја од другите регулирани професии? Треба да се окозиш да земеш еден куп курсеви и лиценци одвој едно 5 години и 30 иљади долари кредити...али зборам 5 години и 110% фокус.... и никој не кажува повторно за преќутното штитење на фелата и праење да е тоа толку неизводливо за да се откажшеш од сè. Еден куп доктори, забари и учители работат као конобарици и шофери на аутобуси... али они се топ среќни... за 15 долари на саат. 10.5 долари мислам дека е законскиот минимум... оние градежниците со што таа цурата од Херцеговина го спомена.

Ај доста редам за денес...

И да не испадне пљукам по државава у која живеам и рабаотам... не, туку конструктивно критикувам. Државава константо детериорира во квалитетот на живеење. Можеби сè уште не е тооолку лошо колку звучи у моиве критики (иако се базирани на вистински и реални случки) но со сигурност станува сè потешко за живеење. Секогаш треба да се биде реален во анализите и да не се создава лажна слика и многумина со гз преку глава да заминат за да се вратат по извесен период као што многумина направија. Канада е добра земја, но има свои предизвици на кои мора да се работи и за кои мора отворено да се зборува.

И да завршам – Не зимајте здраво за готово се шо ќе прочитате. Ни моево!

Бидете реални во аналзите и носете зрели одлуки пред да кинисате. Кога ќе стапнете овде може да наидете на големо разочарување. Како мене.

Ја.

11 јуни 2014 - 10:51