Холандија со триумф го потврди осминафиналето

Составот на Луи ван Гал е првата селекција на Мундијалот во Бразил која со максимални три победи ќе патува во посакуваната нокаут фаза. Светскиот шампион не ги излечи раните со убедливата победа против Австралија.

Група А

Холандија - Чиле 2:0
Фер 77` Депај 90`

На дуелот во Сао Паоло се водеше битка за да се избегне осминафиналното соочување против Бразил кое веројатно го чека тимот на Чиле, но само ако „Кариоките“ завршат како лидери во А групата. Првите 45 минути од средбата не донесоа поголеми возбудуваеа. Холанѓаните притиснаа во вториот дел, а иницијативата се исплатеше во последните 13 минути во кои Фер и Депај го решија Чиле.

Група Б

Австралија - Шпанија 0:3
Виља 36` Торес 69` Мата 82`

Меч без никакво значење одиграа селекциите на Австралија и Шпанија кои на тв ќе ги следат соочувањата од нокаут фазата. Бранителот на титулата од 2010 година и покрај убедливата победа од 3:0 не се извади за срамот на ова првенство. Најголемата атракција на мечот се случи во 36 минута кога Виља со петица го отвори резултатот. Торес и Мата во вторит дел ги поставија конечните 3:0.

 

23 јуни 2014 - 20:02