"Адам Сендлер има речиси гарантирана демографија.
Додека неговите филмови имаат свои проблеми, од монетарна перспектива Сендлер севкупно е многу конзистентен.
'That's My Boy' беше утка. На светско ниво имаше заработка од 57 милиони долари, наспроти буџет 70 милиони долари.
Како и да е, двата филмови пред тоа донесоа одличен профит:
- Џек и Џил - катастрофално мина кај критиката, ама заработи 150 милиони долари на светско ниво, наспроти буџет од 79 милиони долари. Профит си е профит.
Хотел Трансилванија - огромен успех за него. Заработка низ светот од 346 милиони долари, наспроти буџет од 80 милиони долари.
Just Go With It, иако не е некој забележителен филм на Сендлер (ниту ужасен, ниту одличен), заработи 215 милиони долари, за буџет од 80 милиони долари.
Grown Ups, заработка од 217 милиони долари со буџет од 80 милиони долари.
You Don't Mess with the Zohan направи 200 милиони долари, а беше сниман за 90 милиони долари.
Click донесе 237 милиони од буџет од 82,5 милиони долари.
50 First Dates, заработка 196 милиони, буџет 75 милиони долари.
Anger Management донесе 196 милиони долари, а беше снимен за 75 милиони.
Дури и Mr. Deeds за кој мислам дека е еден од неговите најужасни филмови, заработи 171 милион долари со буџет од 50 милиони.
Па како што ги гледаш неговите филмови со Сони ќе забележиш константен тренд на буџет наспроти бруто заработувачка. Веројатно дека во договорот со Хепи Медисон (продуцентската куќа на Сендлер) е предвидено дека буџетот за филмовите мора да се движи некаде околу 80 милиони долари.
И кога ќе видиш ова е докажана формула.
80 милиони буџет за филм, и над 200 милиони долари бруто приходи. Само That's My Boy, драмите Reign Over Me и Punch Drunk Love (двата ниско буџетни) и Spanglish, беа во минус на кино-благајните. И најголемиот дел од загубата беше пополнета од продажбата на ДВД-а, ТВ права итн.
Па зошто Сони цело време останува во бизнисот со Хепи Медисон / Адам Сендлер? Затоа што неговите филмови се докажана формула. Од овој аспект тој веројатно е една од најконзистентните филмски ѕвезди.
Освен тоа, тој е одличен човек за работа. Додека бев во Сони, многу работев со нив и тие беа многу нормални. Немаше никакво однесување како дива. Нема некои големи барања. Не се шупци и покрај парите што му ги носат на студиото.
Grown Ups 2 беше гарантиран од формулата на Хепи Медисон, донесе 247 милиони долари, за буџет од 80 милиони долари.
Blended беше направен со буџет од понизок ризик од 40 милиони долари, и веројатно на светско ниво ќе заврши некаде над 60 милиони долари.
Секако, ќе видите по некој утнат филм од него, ама севкупно неговите филмови прават пари. Добри пари. Затоа Сони ќе остане во бизнисот со Адам Сендлер и во следните години."