Колумбија ја покажа силата против нашиот сосед

Фудбалерите на Колумбија ја оправдаа фаворитската улога и без многу тешкотии славеа убедливо над Грција со 3:0 на првиот меч од третиот мундијалски ден во Бразил.

Група Ц

Колумбија - Грција 3:0
Армеро 5` Гутиерез 58` Родригез 92`

По победите на Бразил, Мексико и Чиле, фудбалерите на Колумбија го потврдија успешниот старт на селекциите од американските континенти. Со убедлив триумф и надмоќност во играта Колумбијците ја декласираа Грција со 3:0.

Селекцијата на Колумбија многу рано уште по пет минути ја најави победата и покажа дека може да биде доминантна и без најголемата ѕвезда Радамел Фалкао. Големата колективна радост на Јужноамериканците прв им ја донесе Армеро, во 58 минути предноста ја заголеми Гуриерез, а точка на мечот во последните мигови од средбата стави Родригез. 


14 јуни 2014 - 20:01