Голема работа е ваа.Компјутерски програм успеа да прелаже дузина луѓе и да ги убеди дека е 13 годишно дете по име Јуџин Гостман. Ова е првпат во историјата компјутер успешно да го положи таканаречениот Турингов тест, дизајниран специјално за ваква намена.
Тестот е именуван по компјутерскиот пионер Алан Туринг. За да го мине тестот, компјутерот треба да успее преку пишан разговор од 5 минути да убеди барем 30 проценти од живо жири дека разговараат со човек. Нешто што досега не му успеало ни на еден компјутер и на ниту еден компјутерски програм.
"Јуџин" бил создаден од руска екипа програмери и успеал во чет да го прелаже секој трет човечки судија од Royal Society од Лондон. Таман колку што треба луѓе поверувале дека разговараат со 13 годишно момче од Одеса, Украина. Неговиот успех пред жирито не се потпирал толку на вештачката интелигенција туку на "играчката луцидност" на неговите креатори кои најмногу време посветиле на градењето и уверливоста на неговиот карактер.
Познавачи велат дека ваквиот исчекор е повик за будење нов бран на сајбер криминал.