Крајот на човештвото? Британија создава монструми – хибриди на луѓе и животни

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот MK News.

ВеликаБританија создаде монструозни суштества, хибриди на луѓе и животни. Сега на пазарот до крајот на годинава се планира да се пушти „новата вештачки создадена раса на луѓе“. Се враќаме ли во добата на Ное и се враќаме ли во целосна пропаст? Се создава вештачка раса на луѓе! Сега стана и официјално она што претходно беше многу веројатно.

1_264967
1_264967
Дизајнерските деца ќе станат нормална работа на оваа планета. Замислете свет во кој ќе можете да го дизајнирате своето дете, вештачки изградено со користење на различна ДНК структура. Во реалниот живот да го прилагодите детето од епрувета. Или пак да создадете дете без никакви генетски недостатоци, наследни болести, или какви било човечки слабости. Да можете од детето да искорените апсолутно се што по вашата воља не ви се вклопува, да можете да ја изберете бојата на очите, кожата, косата, дали влакната да бидат подебели, потенки, всушност се што во овој момент го одредува Бог, единствениот творец. Ова е токму таков свет, целосно со вештачки луѓе. Британските научници ова го најавуваат за на крајот на годината.

Всушност во јавноста излезе и извештај за британските научници, кои потврдуваат дека високата технологија на денешницата, успеала да создаде хибридни човечки ембриони создадени од дури три различни ДНК. На тој начин Велика Британија отвори пат кон генетски модификуван човечки вид. „Associated Press“ извести како научниците најавија дека генетската модификација на луѓето е апсолутна безбедна и дека истражувањето се при крај и дека до крајот на годината ќе може да се создаваат целосно вештачки луѓе. „Не можеме да бидеме 100% сигурни додека не се роди првото вакво бебе, дали овие техники се сигурни, но според сето тоа до сега што сме го создале, можеме да кажеме дека во добар процент сме сигурни, дека ќе успееме во овој експеримент“, вели доктор Енди Гринфилд, кој претседавал со панелот на претставници на овие извештаи. Техниките кои досега се користени на начин да се манипулира со децката ДНК, која ги отстранува потенцијалните генетски болести, или пак ги изменува јајцата и ембрионот, пред да ги вметне во една жена, биле изведувани во лабораторија. Но, Министерството за здравство на Велика Британија, сега објави дека со новиот закон за широка употреба, овие методи ќе бидат на сила до крајот на оваа и почетокот на идната година.

Оваа информација, секој здраворазумски човек, тешко ќе ја прифати, но факт е дека Велика Британија стана првата земја која ќе ја легализира ваквата контроверзна процедура и тоа многу брзо. Велика Британија поседува 150 хибриди на животни и луѓе. Според „Daily Mail“, најмалку 150 вештачки суштества, ќе се создадат со мешање на човечка и животинска ДНК која ќе биде во сопственост на Велика Британија. Овие суштества се направени во британската лабораторија како доказ дека ќе се започне со модификација на човечкиот род во целост. „Daily Mail“ во нивната статија наведува дека 155 мешани ембриони кои содржат човечки и животински генетски материјал, се создадени од воведувањето на контроверзниот закон, кој уште во 2008 година го отвори патот кон уметничко создавање на луѓето. Тој закон, наведува Daily Mail“ овозможува создавање на разни хибриди вклучувајќи го и тоа да човечката јајце клетка биде оплодена со животинска сперма, што се нарекува „cybrids“.

Научниците тврдат дека со оваа техника на мешање на човечка и животинска ДНК и создавање на вакви монструми ќе се стави крај на неизлечивите болести. Дури три големи британски лаборатории добиле посебна дозвола за генетско модифицирање на човештвото, по донесувањето на овој закон. Тоа се Кралскиот колеџ во Лондон, Универзитетот во Њукасл и Универзитетот во Ворвик. Назад во времето на Ное? Нашиот Бог неколку пати во историјата на човештвото ги предупреди луѓето на расипаноста на која човекот е подготвен да направи со неговата креација. Две различни предупредувања од Бога стигнаа во добата на Ное и Лот кога човекот е казнет од Бога и уништен поради злото кое луѓето го вкорениле во човечкото суштество. Многумина сметаат дека Ное бил единствен преживеан поради тоа што бил единствениот праведник, односно човек кој не отстапувал од Божјиот збор.

И тоа е точно, но тоа што е малку познато е дека во добата на Ное, со светот владеело злото од најлош вид. И тогаш светот го загуби човештвото. Со светот владееле хибриди, луѓе и животни, со нечиста ДНК, и нечиста лоза. Се мешало се и демони и жени и луѓе со животни по што човечкиот род во целост бил нечист, со што само Ное и неговото семејство поседувале чиста немодифицирана лоза и тоа од една причина. Само тие успеале да се спасат од најголемиот потоп на светот на сите времиња. Бог тогаш му наредил на Ное да спаси по две животни од различен пол од секој вид, што значи дека со светот владеле нечисти суштества и задирањето во Божјата креација било се повеќе изразено. Во неодамнешниот филмски спектакл за Ное и поплавите, со многу искривени факти, доста добро е опишана состојбата на човечката раса. Во овој филм се прикажани суштества кои тогаш владееле со светот. Од Nefila, демонски луѓе, до животински хибриди и ѕверови. Тој начин на постапување со Божјата креација толку го разгневила Бог, што тој одлучил да го уништи светот, односно да ги удави сите освен Ное, последниот „чист човек“.

Во добата на Лот, уништени се два града, Содом и Гомор, a со тоа и нечестието на човекот. Перверзната склоност кон уништување и свернавење на Божјиот чоек се изразувала и во сексуалната настраност кон човечкото суштество. Така, имало задирање во креацијата на човекот, кој е создаден според Божјиот лик. Исус ги предупредува Интересно е тоа што во Библијата, Исус ги предупредува, повторно, кога ќе биде крајот на човештвото, какво што го познаваме и доаѓањето на Синот на Господ на Земјата. Исус вели: „Како што луѓето јадат и пијат, се женат и се мажат, во време кое претходело на потопот, и тоа се до денот кога Ное влегува во бродот, а никој дотогаш ништо освен него нема насетено за катастрофата, така ќе биде случај и со доаѓањето на синот на човештвото (Mt24,38-39). Исус го споменува и времето на Лот: „Ќе биде како и во времето на Лот, кога ќе излезе од Содом, кога ќе удри оган и слуфур од небото и ќе уништи се на земјата. Исто ќе се случи и на денот кога ќе се појави синот на човештвото (Lk 17,28-30). Исус овде не го споменува гревот на тие луѓе, туку неговото ненајавено доаѓање. Не е случајно што Исус го предупредува човештвото дека тоа ќе се случи како што се случило во времето на Ное и Лот. Овде јасно сме предупредени дека човештвото греши во времето на таа доба и дека ваквите грешки не смеат да се повторуваат. Но, судејќи според се, ние всушност живееме во добата на Ное, но и на Лот и тоа навистина е страшно.

Сексуалната изопаченост кон Божјото создавање се промовира на глобално ниво, а луѓето тоа го прифаќаат. Но, и бруталното задирање во Божјата креација создавање на хибриди, монструми и ѕверови, и тоа што го прави Обединетото Кралство во моментот е најава на добата на Ное, но од самиот крај на човештвото, онакво како што го познаваме. Луѓето повторно си играат Бог и тоа сега е потврдено. Од сите настапи јасно е дека човекот дозволи креација на ѕверови, дека човекот повторно се јавува во улога на Создавател, за да создаде зло во човечката раса. На вас е да одлучите дали повторно ќе ја достигнеме крајната граница на злото, како во добата на Ное и дали Обединетото Краство и нивните акции ќе го отворат патот кон крајот на човечката раса? Едно е сигурно. Очигледно е дека луѓето заборавија на стравот од Бога и на самиот Бог.

26 јуни 2014 - 09:37