Германската машинерија пресилна за Португалија

По стапките на речиси сите фаворити, и фудбалерите на Германија победнички ја стартуваа мундијалската авантура во шестиот фудбалски ден во Бразил. Жртва беше селекцијата на Португалија која беше прегазена со 4:0.

Група Г

Германија - Португалија 4:0
Милер 12, 45, 78 - Хумелс 32 

Во градот Салвадор свој ден имаше Томас Милер кој по Бензема за Франција, го запиша вториот хет трик на ова Светско првенство. Германците имаа убедлива предност од 3:0 по првите 45 минути, а составот на Португалија предводен од Кристијано Роналдо беше далеку послаб противник во текот на целиот меч. Дополнителен проблем за Португалците беше црвениот картон на грубиот Пепе кој во 37 минута беше испратен во соблекувалната.

 

16 јуни 2014 - 20:03