Португалија со мала надеж за осминафинале

Со гол во 95 минута фудбалерите на Португалија во трилер завршница се спасија од пораз на средбата против САД, но останаа со минимални шанси за пласман во нокаут фазата.

Група Г

САД - Португалија 2:2
Џонс 64` Демпси 81` - Нани 5` Варела 90`

Португалците добро го отворија мечот и со голот на Нани во 5 минута имаа водство околу еден час. Возбудувањата ги најави Џонс со прекрасен погодок од дваесетина метри, а за целосниот пресврт се погрижи Демпси на 9 минути до крајот. Само неколку секунди ја делеа селекција на Португалија од елиминација која се спаси со голот на Варела во 95 минута. За да се најдат во нокаут фазата, во последното коло треба да триумфираат со минимум пет гола разлика против Гана, а САД да загуби од Германија.

Група Х

Јужна Кореја - Алжир 2:4
Сон 50', Коо 72' - Слимани 26', Халиче 28', Џабу 38', Брахими 62' 

Меч за историја во Порто Алегре одиграа јунаците од Алжир кои станаа првата африканска селекција со четири постигнати голови на едно Светско првенство. За само 12 минути успеаа да направат водство од 3:0 со кое заминаа на пауза. Корејците притиснаа во вториот дел и возвратија со два гола во второто полувреме, но Алжир заслужено стигна до победа од 4:2.

Белгија - Русија 1:0
Орижи 88` 

 

Далеку понеинтересен меч одиграа селекциите на Белгија и Русија кои повеќе мислеа на тактика отколку на фудбал. Единствениот погодок на мечот вреден осминафинале за Белгија го постигна Дивок Орижи на асистенција на Азар. Составот на Фабио Капело ќе мора да оди на триумф во последното коло против Алжир доколку сака да патува во нокаут фазата. 

23 јуни 2014 - 09:21