Мекинро предлага судиите да се укинат

Легендата Џон Мекинро изгледа не може да се помири дека тој одамна е повлечен од тениските терени а неговите архи-непријатели се сè уште таму. Па предлага судиите комплетно да бидат одстранети од тенисот. Еве како го замислува тој тоа.

Освен по неговите епски ривалства со Борг, Конорс и Лендл, Џон Мекинро се памети и по неговиот краток фитил и избувлив темперамент од кој најчесто страдаа рекетите и судиите.

Ако треба потсетување, вака изгледаш едно негово работно секојдневие:

Користејќи ја актуелноста на Вимблдон кој ќе го проследи во функција на "Дарко Панчев на Би Би Си," Мекинро за Гардијан ја сподели својата идеја како тенисот да стане поинтересен.

Да се укинат судиите.

Според Мекинро, за нив би немало никаква потреба кога секој играч би одговарал за својот дел од теренот и тој би решавал дали топката удрила линија или била надвор.

Коректив за оние кои намерно би лажеле би била публиката која би ги исвиркувала илеџиите. Мекинро тврди дека на овој начин публиката многу поактивно би се ангажирала околу тенисот со што, по него, играта би станала "најмалку 30 проценти поинтересна од сега".

 

 

24 јуни 2014 - 11:40