„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Скоро и да нема рекорд во европскиот и светски ракомет кој не му припаѓа на нашата спортска икона. Кирил Лазаров е апсолутен рекордер по број на голови во Лига на шампиони, а вечерва постави уште еден рекорд кој тешко дека некој ќе стигне во догледно време.
Во контекст на вечерашното нивно соочување, ќе ви раскажеме еден дуел кој се одигра пред 100.000 луѓе на Маракана. Магла, пенали, поништен гол, црвен картон, преигрување, судијата виден со женска и луѓе од Звезда, сага за Гулит, страв за Донадони. Епска сторија.
Македонскиот шампион не успеа да го повтори успехот во реванш пресметката против лутиот градски ривал во шестото коло од Лигата на шампионите. Металург овој пат беше подобар противник и му се одмазди со победа од 26:18.
За разликите меѓу Вардар и Металург, нивните шанси за победа на реваншот и до каде ќе стигнат во ЛШ, зборува Илија Темелковски, човекот што ја однесе Македонија до рекордното 11 место на СП во Хрватска.
Второто полувреме од највозбудливата ракометна скопска пресметка во Лигата на шампионите не очекува во недела во 18 часот, а ракометарите на Вардар влегуваат со психолошка предност по одличната партија и триумфот на првиот дуел.
Со далеку подобра и поорганизирана игра првото македонско дерби во историјата на најсилното клупско ракометно натпреварување му припадна на македонскиот шампион кој заслужено излезе како победник против Металург со 27:22.
Македонскиот ракомет денеска испишува нова историја во Лигата на шампионите. За прв пат во најелитното клупско натпреварување ќе се сретнат две екипи од ист град. Дерби кое добива разни епитети, од македонско до балканско со европски шмек.
Во пресрет на првата историска средба во Лигата на шампионите помеѓу градските ривали Металург и Вардар, стратегот Лино Червар изјави дека ова дерби треба да се гледа како пресметка помеѓу два големи ривали, но не и непријатели како што некој тоа го смета.
Откако пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов, во ТВ емисија рече дека не може да го поднесе, бекот на Металург, Филип Миркуловски преку Офф.нет му порача на својот колега од репрезентацијата дека во иднина помалку ќе му додава кога ќе играат за Македонија.
По шокот од Барселона, македонскиот вицешапион Металург ги продолжува настапите во ракометната Лига на шампиони. Во четвртото коло во „Борис Трајковски" гостува екипата на Динамо Минск која минатата година беше елиминираната од „Металурзите" во осминафиналето.
По само една седмица, македонските љубители на ракометот повторно ќе уживаат во нов спектакл. Во салата „Борис Трајковски" во сабота гостува скапиот состав на ПСЖ кој ќе ги одмери силите со Металург во рамките од второто коло од Лигата на шампионите.
Ракометарите на Зоран Кастратовиќ не успеаа да освојат бодови во второ коло од ракометната Лига на шампиони. Динамо Минск се покажа како тврд орев на домашен терен кој речиси постојано беше во водство и на крајот триумфираше со 26:24.
Историскиот чин за македонскиот ракомет е на самиот праг. Љубителите на овој спорт ќе уживаат во настапите на нашите два најсилни ракометни клубови кои за прв пат во иста сезона ќе бидат наши претставници во најелитното клупско европско натпреварување.
Европската ракометна федерација доби официјално известување од шпанскиот ракометен клуб Атлетико Мадрид кој поради финансиски причини престанува да постои, а со тоа ослободува место плус во групната фаза од Лигата на шампионите.
Започнува европската одисеја на македонските фудбалски клубови, односно натпреварувањата од каде што тие можат да извадат цели буџети, но најчесто завршуваат со минималната сумa од солидарниот фонд на УЕФА.
Актуелниот македонски шампион по денешната ждрепка во Нион ќе треба да се соочи со можеби најтешкиот противник во второто коло од квалификациите во најсилното клупско европско натпреварување.
Натпреварот на сезоната во македонскиот ракометен шампионат му припадна на Вардар Про кој во драматичен меч славеше над Металург со 22:19 и ја освои шампионската титула во првенството со што избори директен пласман во Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар Про беа подобар противник во големото градско дерби и заслужено втора година по ред изборија пласман во финалето на регионалното ракометно натпреварување каде ќе се сретнат со Кроација Осигурување. Конечниот резултат беше 22:21.
Најдобрите 4 екипи од регионот ќе го заокружат фајнлфорот во ракометната СЕХА лига. Загреб Кроација во полуфиналето ќе ги одмери силите со Брест Мешков од Белорусија, а очите на македонската спортска јавност ќе бидат вперени во дербито Вардар Про-Металург.