Од банкротот на поранешниот клуб на Кире Лазаров може да профитира тимот на Металург кој доби пократок пат за пласман во групите во новата сезона од Лигата на шампионите.
ЕХФ донесе одлука турнирот за валјд карта да се одржи во помал формат односно без финален натпревар на кој ќе се радуваше само една екипа во завршницата. Според најновите информации од сајтот на европската куќа на ракометот во Лигата на шампионите пласман ќе обезбедат две екипи.
Металург ќе одигра двомеч со унгарскиот противник Пик Сегед на 28 август и 1 септември, а вториот патник ќе биде познат од дуелот помеѓу Монпеље и Висла Плок.
Ракометарите на Лино Червар со ова се спасија од финален меч за вајлд картата и сега се поблиску до пласман во групата каде ќе би сретнале со големиот ривал Вардар Про, како и со Барселона и ПСЖ.