Стартот од второто коло од Лигата на шампионите му припадна на македонскиот шампион кој поведе со голот на Дибиров, но предноста им траеше само куси 7-8 минути по кои резултатот беше 3:2.
Ракометарите на Зоран Кастратовиќ потоа имаа пад во играта и имаа многу проблеми во организацијата на нападите. Динамо Минск влезе во серија од 4:0 и имаше предност од 6:3, која по кус период ја зголеми и на 8:4.
„Црвено црните" ги консолидираа своите редови и не дозволија повеќе да се одлепат домаќините.
Следеше серија на нашите ракометари кои се вратија во игра и го израмнија резултатот, а до крајот на првиот дел се играше гол за гол за нерешен резултат 11:11 на полувремето. Голема пречка за Вардарци во првиот дел беше и одличниот чувар на мрежата Пејановиќ кој имаше дури 10 одбрани.
Тешкотии во играта нашите ракометари имаа и во вториот дел во кој постојано мораа да ја бркаат предноста на Белорусите кои не се одлепуваа повеќе од 3 гола разлика. Неизвесен ракомет се играше во завршницата од мечот кога на 3 минути до крајот беше само гол предност за гостите.
Најзаслужен за тоа беше Душебаев кој не одржување во игра со два клучни гола во финишот. Но откако на минута до крајот Белорусите не успеаа да реализираат за два гола предност, Карачиќ го промаши клучниот шут за реми, а на спротивната страна Динамо доби пенал за победа од 26:24.
Најпрецизни во таборот на Вардар беа Дибиров со 6 гола и младиот Душебаев кој постигна 5 погодоци. Страхиња Милиќ оствари 13 одбрани.