Македонскиот ракометен шампион Металург во распродадената сала „Борис Трајковски", во сабота има "златна" можност за пласман помеѓу најдобрите 8 екипи од Европа. И покрај предноста од Белорусија од 3 гола разлика, Лино Червар бара максимална концентрација за реваншот.