Од Ковид 19 само Белорусите во фудбал се поупорни

Ај што решија да му пркосат на вирусот кој ја нападна цела планета, туку царевите мртви ладни нова сезона стартуваа, а викендов го одиграа второто коло во кое се одигра дерби со полн стадион. Абе ич не им чуе. Игра и еден Филип таму со македонско потекло.

Минатиот викенд пишувавме за Мјанмар, азиска земја каде се играше фудбал и немаше ниту еден заразен, но денеска проверивме дека ги имаат првите 10 случаи.

Сега во Европа, а најверојатно и во светот единствено првенство каде се игра или поточно сега почна да се игра фудбал е она во Белорусија и тоа со навивачи.

Во саботата се одигра градското дерби во Минск помеѓу Динамо и ФК Минск за кое во нивниот извештај стоеше:

„И така ова дерби беше практично единствениот официјален фудбалски натпревар на планетата земја.“

И тоа содржајно дерби кое го доби ФК Минск со 3:2 и на кое имаше публика. При влезот на стадион на секој навивач му беше мерена температура.

Од фотките може да се забележи дека некои носат маски, ама повеќето уживаат, навиваат и стојат блиску еден до друг, како сè да е нормално. Инаку ова не беше единствен натпревар, туку се одиграа сите осум кое беа во програмата.

Плус со оваа тврдокорна, па и радикална одлука тие успеаа и да го популаризираат својот фудбал и да обезбедат договори за пренос во 10 земји каде нема што да се гледа, меѓу кои со Русија, Израел и Индија.

„Ги презедовме сите мерки препорачани од Министерството за спорт. Сите они луѓе што се во контакт со навивачите се снабдени со ракавици“, изјави портпаролот на Фудбалската федерација на Белорусија.

Инаку во овие зезнати моменти на глобална домашна изолација и карантин на преку милијарда луѓе, претседателот на Белорусија пред неколку дена излезе со јака превентивна мерка, а тоа е луѓето да пијат водка во борба против вирусот.

Инаку за Динамо Минск викендов настапи и фудбалер со наше потекло. Се работи за Марко Павловски, роден во Белград кој пред 7 години доби повик од Чеде Јаневски за две пријателски на Македонија против Шведска и Норвешка. Но тој го одби повикот, а не игра ниту за селекцијата на Србија.

Во Белорусија има 94 заразени од коронавирус од 9,5 милиони жители, а еден им искоментирал на Твитер дека само тие ако продолжат да играат, тогаш до крај на сезонава сите ќе почнеме да навиваме за некој тим од Белорусија.

Ја имаат и најголемата утка на колото, без конкуренција. :)

30 март 2020 - 10:37