Откако Турците кренаа рачна, односно попуштија, единствената земја во Европа која остави да се игра фудбал е Белорусија. Од другите континенти во најава е дека првенството ќе го одложат во Австралија, а ако одите на резултати.мк ќе забележите дека утре има само четири натпревари во цел свет.
Две пријателски во Русија и Шведска и две во Азија, ама првенствени. Се работи за фудбалски мечеви во Мјанмар или по старо Бурма, земја во југоисточна Азија. Фудбал таму се играло и денеска, а ќе се игра и во среда, значи три дена по ред.
Интересно е што властите во оваа земја тврдат нека немаат ниту еден позитивен случај на коронавирусот, а се земја од 54 милиони жители која се граничи со Кина, Лаос, Тајланд, Бангладеш и Индија.
Во моментов во болниците во Мјанмар во карантин има 243 луѓе, а владата подготвува импровизирани центри за карантин низ целата земја за сите нивни државјани кои се враќаат од земји кои се погодени од коронавирусот.
Главниот град Јангон меѓу другото подготвил 500 апартмани и 300 дополнителни кревети во случај да ги погоди епидемијата. Но за бекап ако удри многу, велат дека во карантински центар имаат претворено еден стадион за бокс и уште пет фудбалски.
Малку е и чудно што оваа земја за сега е недопирлива од вирус кој за околу три месеци се рашири во 197 земји во светот, а голем број на Кинези на дневна основа ја минуваат нивната граница.
Плус дома се вратиле скоро 10.000 работници од Тајланд, а Министерството за надворешни во петокот соопшти дека им слетале авиони од 14 земји и тоа Италија, Иран, Франција, Шпанија, Германија, САД, Швајцарија, Велика Британија, Холандија, Норвешка, Данска, Шведска, Австрија и Белгија. Со тоа што сите патници мора да бидат 14 дена во карантин.
За најочајните кои не можат да одат во кладилница, останува он лајн да се пробаат на спортска, ако воопшто има опција за кладење фудбал во Мајнмарска лига.