Пандемијата на коронавирусот не ѝ сметаше на белоруската фудбалска лига да го почне првенството и покрај тоа што во земјата до овој момент се регистрирани официјално 69 случаи на инфицирани од коронавирус.
Во моментот на почеток на мечот меѓу Енергетика БГУ и БАТЕ, белоруското првенство беше единствено во Европа на кое слободно пуштаа гледачи. Во тој период Турската фудбалска федерација соопшти дека го прекинува првенството, така што Белорусите останаа последна лига во цела Европа.
И најнеобично е што дури и гледачи доаѓаа и покрај препораките да не се излегува од одма. Имало 730 гедачи, а белоруската лига во вакви услови добила поголемо внимание во светот од вообичаено.
Мечот со два гола го отворил Узбекистанецот Жасур Јахшибоев а до крајот паднале уште 2 гола. Скавиш намалил на 2-1 а Црногорецот Душан Бакиќ ги поставил конечните 3-1.
На вториот меч, Шахтер Солигорск изгубил дома 0-1 од Жодино. Во 90+1' минута од мечот победнички гол дал Бразилецот Габриел Рамос.