Белорусите стасаа до над 15.000 случаи на коронавирус и 97 мртви, ама и до 7. коло од првата фудбалска лига. Динамо Минск загуби дома од Слутск, а потегот на мечот и колото, го направи извесен Абдул Гафар
Во единствената лига која се игра во Европа, а веројатно и светот, на трибини се појавија навивачи на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Салцбург, Ајакс, Борусија Дортмунд и многу други. Тоа е, не се издржува више.
Во единствената земја каде што се игра фудбал и каде мртви ладни си ја тераат сезоната, викендов се комплетираше 4. коло. БАТЕ Борисов го совлада на гости Минск со 0:3, а во 62-ра минута Павел Нехајчик директ ја свика во корнер. Голманот исплива во празно.
Ај што решија да му пркосат на вирусот кој ја нападна цела планета, туку царевите мртви ладни нова сезона стартуваа, а викендов го одиграа второто коло во кое се одигра дерби со полн стадион. Абе ич не им чуе. Игра и еден Филип таму со македонско потекло.
Фудбалот застана скоро секаде во светот, но не и во Белорусија каде викендов се одигра 2. коло од новото првенство. Најинтерсен момент се случи во 26' минута од мечот меѓу Ислоч од Минск и Смолевичи (1:0) кога Иван Верас ги насмеа сите што гледаа белоруско првенство.
Во цела Европа фудбалските и првенствата од другите спортови се прекинати на неопределено време. Исклучок е Белорусија каде веќе се одиграа два меча со навивачи на трибините.