Белорусите смислија како да нагостат навивачи од цел свет

Во единствената лига која се игра во Европа, а веројатно и светот, на трибини се појавија навивачи на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Салцбург, Ајакс, Борусија Дортмунд и многу други. Тоа е, не се издржува више.

Фудбалските власти во Белорусија, а и самата држава се сивоњи и сè уште не го стопираат фудбалот. Но затоа имаат се помалку навивачи кои очигледно станаа свесни за сериозноста за ситуацијата. Во Белорусија бројките рипнаа и сега имаат скоро 2.600 заболени и 26 жртви.

Нема проблем, на Динамо Брест им текна како да ги поднаполнат трибините. Организираа продажба на виртуелни влезници и сите што купија добија свое седиште.

Како? Ги наместија како картонски кукли со дресови, ама и со нивни фотографии, се разбира на тие што решиле да купат карти за мечот.

Целата идеја нема е само од забавен карактер, туку и од хуманитарен. Парите од виртуелните карти, Динамо реши да ги донира во борба против коронавирусот.

13 април 2020 - 09:33