Што бе нема фудбал, во Белорусија падна гол од корнер
Во единствената земја каде што се игра фудбал и каде мртви ладни си ја тераат сезоната, викендов се комплетираше 4. коло. БАТЕ Борисов го совлада на гости Минск со 0:3, а во 62-ра минута Павел Нехајчик директ ја свика во корнер. Голманот исплива во празно.