Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.
После оние 6:1 над Тотенхем, Њукасл удри силно и против Евертон со гостинска победа од 1:4. Единствениот гол кој го примија гостите е директно од корнер, ама малку необичен. Го постигна Двајт Мекнил.
Бразилецот Даглас Луиз од Астон Вила има нешто да ви покаже од корнер. Ја заби директ, без да се замара да бара некој на глава, а истиот шут го вежбаше ден претходно на тренинг. Инаку Астон Вила го доби Болтон на гости со 1:4 во првото коло од Лига Купот.
Артим Шаќини цел живот ќе ни биде синоним за гол од корнер. Пољаците за жал имаат појак од нашиов. Се вика Камил Бетковски и успеа да даде два на мечот Спарта Катовице - Горник Волковице, конечни 6:0. Какво мајсториште.
Барселона синоќа не играше само во Лига Европа, туку и во Копа Судамерикана, што е исто така второ по ранг клупско континентално натпреварување. Ама вторава Барселона е од Еквадор и славеше 4:2 против Монтевидео. Аргентинецот Киту Диаз му го кажа вицот на голманот.
Целосно ја разбираме реакцијата на коментаторов. Исто и Зоран Михајлов беше позитивно шокиран во Саутемптон, а сите ние на тој епски корнер на Шаќири. Овој некако уште почуден лоб.
Во единствената земја каде што се игра фудбал и каде мртви ладни си ја тераат сезоната, викендов се комплетираше 4. коло. БАТЕ Борисов го совлада на гости Минск со 0:3, а во 62-ра минута Павел Нехајчик директ ја свика во корнер. Голманот исплива во празно.
Го знаете ли вие Разван Марин од Романија кој летоска направи трансфер од Стандард во Ајакс? Се работи за 23 годишен играч од среден ред кој го купија за 12,5 милиони евра со што стана трет најскап Романец после Муту и Киву. Проба да изведе една неголична лудорија на тренинг, колегите не му веруваа арно ама...
Не само што го изведува, туку шутира директно во гол. И додека ти се објаснуваш со играчите, готово пројде возот. Мајсторијата е на синоќешниот дуел од Супер Купот на Шпанија кој Реал го доби со 3:1 против Валенсија.
Артим Шаќири е синоним за гол од корнер, барем за нас Македонците, ама и за Англичаните. Паѓа ретко, а вечерва во Лига Европа го имаше на дуелот Розенборг - ЛАСК за 0:1. Е јако е ова, знаеме.
Тоа со Арнолд против Барса во полуфинале од ЛШ, беше унитакен заеб кој никој не можеше да го прочита. Ама ова некако е многу школска и стара финта на која глупо е човек да подклекне. Се работи за третата француска лига.
Во неделата во 19. коло од холандската Ередивизија, АЗ Алкмар со 0-2 на гости го победи Херенвен а вториот гол кој го даде Осама Идриси во 78’ минута беше маестрална замисла и изведба.
Иако сè уште ја бара ланската форма, сепак на ѕвездата на Ливерпул не е дека воопшто не му работи левицата. Во квалификациите за Африканскиот Куп на нации, Египет го совлада Свазиланд со 4:1, а ремек делото е на Артим Наташа Мохамед Салах.
Има фудбалери кои цел живот шутираат од корнер директ во гол и не можат да погодат, а на малиов му успеа на 19 години. Зборуваме за Јанис Хаџи, син на славниот Георге Хаџи кој е најдобар стрелец во историјата на Романија. Малиов погоди на квалификациска средба против БиХ У21.
Ние ги имаме Артим Шаќири и Наташа Андонова, а Лудогорец го има Клаудио Кешеру кој на само 7 минути до крајот на гостувањето против Левски Софија упати страшна топка со левица директ во гол. Какво нафрлање, има да ја свиткам на втора.
Наташа Андонова е првата македонска фудбалерка која успеа да го повтори ремек делото на Артим Шаќири во Саутемптон. Барселона славеше 4:1 на дуелот против Валенсија, а Андонова погоди директно од корнер. Ќе се памети ова.
На дуелот во Серија А меѓу Болоња и Фиорентина, гостите поведоа преку Вертут во 41’ минута директно од корнер. Болоња возврати само една минута подоцна преку Пулгар исто од корнер.
Ако не пробаш нема никогаш да знаеш дали е можно директ од корнер. Аце наш проба против Англија, му успеа, исто и Рафал Курсафа во полскиот фудбалски шампионат. Овие голови се вистинска реткост. Мора да се одбележат.
Фудбалерот од Тајланд, Тератон Бунматан реши натпревар од азиската Лига на шампиони со гол од корнер. На 8 минути до крајот тој ги постави конечните 2:1 за Бурирам Јунајтед против јапонскиот клуб Гамба Осака.
Кога се зборува за гол од корнер, прв кој ни паѓа на памет е Артим Шаќири. Освен легендарниот македонски репрезентативец кој во 2002 година го замолкна Саутемптон, голови од корнер даваа и многу други играчи ширум светот. Еве ги најубавите.
Легендарниот удар на Шаќири на кој Дејвид Симан леташе во празно, се случи во 2002 нa мечот Англија - Македонија 2.2. Сличен видео приказ, но на аматерски меч, со десна нога.
Фудбалерот кој се прослави на СП 2014 со Костарика, моментално игра во Чемпионшип за Фулам. Прецизната левица вчера ја покажа против Блекпул од мртов агол.