После оние 6:1 над Тотенхем, Њукасл удри силно и против Евертон со гостинска победа од 1:4. Единствениот гол кој го примија гостите е директно од корнер, ама малку необичен. Го постигна Двајт Мекнил.
Топката пред гол му тапна на голманот и никој не ја пипна.
Само 5 минути претходно, неодбранлива мајсторија на Калум Вилсон. Нè потсети на Роналдињо против Челси, кога не знаеше што со топката, па ја смести во агол.