Во реалниот фудбал, Цигалко за Динамо Минск, заедно со брат му близнак Јури (1983) дебитирале на 18 години и од 2001 до 2004 постигнал 28 гола на 65 меча.
Освоил шампионска титула во Белорусија во 2004-та, освоил и Куп на оваа земја во сезоната 2002/2003. Интересно, центарфорот Цигалко запишал и 2 настапи за репрезентацијата на Белорусија, и двата против Узбекистан во април 2003-та (дал дебитантски гол во 26' минута на првиот меч кој завршил 2-2).
🥀 На 38-м году жизни перестало биться сердце Максима Цыгалко...
— ФК Динамо Минск (@FC_Dinamo_Minsk) December 25, 2020
Воспитанник минского "Динамо", выступавший за команду в сезонах 2001-2004, провел 65 матчей и забил 28 голов.
Чемпион Беларуси, обладатель Кубка страны в составе "Динамо".
Вечная память!#fcdm1927 #ЛегендыДинамо pic.twitter.com/ep8On4Up85
Во кариерата го носел дресот на Динамо Минск, Нафтан, Кајсар, Бананц и Савит. Активната кариера ја завршил во 2010-та година на 26-годишна возраст поради проблеми со повреди. Тој е дете на Динамо Минск.
Цигалко се прослави преку видео играта Championship Manager 2001/2002, подоцна и Фудбал Менаџер кој излезе 2004-та. Белорусинот беше омилен играч на стотици илјади љубители на оваа фантастична игрица, имаше сјајни оцени и секој меч постигнуваше по најмалку еден-два гола во сите натпреварувања, со кој било клуб.
Во едно интервју во минатото за белоруски медиуми, Цигалко за неговата слава преку видео игра рекол:
„Да бидам искрен, никогаш не сум ја играл таа игра, но многу ми зборувале за неа. Дури и ми викале дека би можел бизнис да направам од тоа ако го патентирам своето име.
Ми викаа дека луѓе во Англија и Турција продаваат и подлоги за компјутерски маус со моето презиме и заработуваат од тоа. Не се сметам себеси за познат фудбалер, ништо посебно не сум освоил. Во компјутерската игра како што ми кажаа јас сум легенда. Така испаднало.“
Во еден период од животот тој раскажал и за страста за хазардни игри.
„На времето, со брат ми (близнак) висевме во казино, на апарати. Тоа е многу лошо и сега жалам за тоа. Веќе три, можеби пет години не сум играл. Порано сакав само да се опуштам, да нурнам во друг свет да поиграм апарати. Не беше секогаш за добивка, туку за самата промена на фигурите.
На сабајле завршував тренинг, жена ми на работа или нешто друго работи, а јас со брат ми одевме, земавме по едно-две пива, седевме и игравме на апарати, па си одевме дома.
Криво ми е за тоа, зошто поради тој начин на живот ми се распадна првиот брак. На првата жена не и беше јасно како можам да изгубам 200-300 долари за еден ден. За еден месец сумата растеше. Таа сметаше дека е подобро тие пари да ги заштедам, но се случуваше и да добијам пар илјади долари.
Во својот живот имам изгубено некаде околу 100.000 долари. Во Еревеан, додека играв за ФК Бананц месечно земав по 10.000 долари (со премии). Најголема добивка на апарати ми беше 11.000 долари, па играв потоа по 100 долари. Со Саша и Славик често одевме. Губевме по 100-150 долари на ден.
Претходно можев на тикет во кладилница да ставам 20 долари например кога играа Барселона - Реал. Ставав и на одбојка или на кошарка.
Се случуваше да играм и покер, но не на големи суми, на 5-10 долари.
Сега веќе не играм пар години, веќе не ми е интересно и немам време. Сфатив дека не ме занимава веќе“.
Dayanamadım pic.twitter.com/ndG3DRv51B
— Taner IŞIK (@FmSohbetleri) December 25, 2020
Самиот Цигалко признал за белоруските медиуми дека не водел строг спортски начин на живот и дека како млад, со брат му често го нарушувал карантинот и излегувал по ноќни клубови.
Во неговиот пик на кариерата, кога давал многу голови и играл во одлична форма, тој имал и богати понуди од странство.
„Имаше многу варијанти. Претседателот на Динамо Минск сакаше да заработи многу пари на мене. Еднаш договоривме трансфер во Маритимо (Португалија). Тие беа спремни за мене да платат 500-600.000 евра. Но на пет минути пред крај на еден тренинг ги скинав лигаментите и трансферот пропадна.
Португалците рекоа ако паузираш еден месец, ќе потпишеме договор, ни требаш. Но се испостави дека страдале и менискус и лигаменти“, констатирал Цигалко.
За неуредниот живот со брат му Јури, зборел и докторот на репрезентацијата на Белорусија, Генадиј Загородни:
„Максим и Јури од Бога добиле фудбалски талент, техника, физички способности. Но и двајцата просто го профуцкаа талентот. На Максим дури и му ставија вештачки колк. Да немаа таков пристап и да не играа апарати, ќе играше и сега на високо ниво како многу наши репрезентативци. Да, и Јури исто“.
Повеќе за Чемпионшип Менаџер 2000/2001
ТОНТОН ЅОЛА МУКОКО - ЕПСКАТА ЛЕГЕНДА ОД ЧЕМПИОНШИП МЕНАЏЕР 2000/2001