Три големи предизвици за една седмица за шампионот Вардар. Првиот го мина многу подобро од очекувањата со реми против гигантот Барселона кое резултираше поради одличната и борбена игра во „Борис Трајковски".
Вториот следува попладне од 18 часот против Динамо Минск, а веќе по четири дена во Белорусија го чека настап и од третото коло од СЕХА лигата против Мешков Брест.
Стратетот Зоран Кастратовиќ располага со 18 ракометари за двата дуела во Белорусија, а во составот се и Игор Карачиќ кој беше најдобар стрелец на дуелот против Барселона, како и Алем Тоскиќ кои се бидат неизвесни поради здраствени проблеми.
Белорускиот шампион има интернационален состав со репрезентативци од Белорусија, Словенија, Украина и Србија, а во новата сезона се предводени од селекторот на Словенија Борут Денич. Од ланскиот тим двајца нивни ракометари заминаа во Металург, а тоа се Павел Атман и Раде Мијатовиќ.
Единствениот дуел помеѓу Вардар и Динамо Минск се одигра во квалификациите од Лигата на шампионите во 2009/2010 кога Вардарци беа убедливи со 34:24. Денешната битка за бодови е многу важна во борбата за пласман во следнот круг.
Во таборот на Црвено црните дополнителна мотивација ќе има Србинот Илија Абутовиќ кој денеска стана татко.