Вкупната вредност на составот на Шериф Тираспол е за околу 64 пати помала од онаа на тимот на Реал Мадрид.
Но дечките од Тираспол (иако за волја на вистината немаше ниеден Молдавец на терен) се собраа од разни првенства: дојдоа играчи од Грција, Колумбија, Словачка, Романија, од банкротираниот Тамбов, од Серија Б, од Узбекистан и кај уште не.
Да го видиме внимателно составот на Шериф и да пробаме да разбереме како бесплатни агенти и позајмени фудбалери во скромен состав го урнаа Реал Мадрид:
Голман
Јоргос Атанасиадис, 28 години, Грција
Овој висок голман дошол во Шериф пред три месеци. Позајмен е од грчки АЕК Атина.
Атанасиадис е просечен грчки голман кој играл во прв тим на грчките Пантракикос и Астерас, а на 26 години бил резервен голман во АЕК каде во првите две години бранел на 20 меча. Откако после дебаклот 3:0 од Олимпијакос, тренерот Маноло Хименез го сменил голманот, Јоргос не примил ниеден гол тогаш и бранел до крај на сезоната.
Интересно тој е еден од ретките заедно со нашиот Бобан Николов кој има искуство играње групна фаза на еврокуп пред Шериф. Во сезоната 2020/2021 тој бранел на домашниот меч на АЕК со украинска Зарја, примил три гола и веќе не бранел кај тренерот Масимо Карера.
Стопер
Густаво Дуланто, 26 години, Перу
Овој непознат фудбалер пред осум месеци дошол во Шериф како слободен агент, бесплатно од португалска Боавишта.
Дулант кариерата ја почнал во родниот Перу, а на 16 години тренирал во младинската школа на аргентински Розарио. После уште пет години играл во Перу каде не освоил ништо ниту го викнале во репрезентација.
На 24 години Густаво добил понуда од Боавишта. Долго време се адаптирал во Португалија и за пола година одиграл само 11 меча. Од Португалија го пуштиле бесплатно.
Во Шериф брзо станал најважен столб во одбраната и веќе на осмиот меч во Молдавија станал капитен на тимот.
Стопер
Данило Арболеда, 26 години, Колумбија
Овој одбранен фудбалер дошол бесплатно во Шериф пред осум месеци од колумбискиот клуб Депортиво Пасто.
Данило бил шампион на Колумбија но неговиот учинок бил многу мал, само два пати влегол од клупата за резерви ви клубот Депортиво Кали на свои 20 години.
Десен бек, Фернандо Костанца, 22 години, Бразил
Во Шериф дошол бесплатно пред осум месеци од Ботафого. Тој е дете на овој бразилски клуб. Од 16 години бил во младинската школа а за прв тим не играл скоро воопшто. Во 2018-та Костанца бил пратен на позајмица во француски Лил, ама тамо играл само за втор тим и после пола година се вратил дома.
Во 2019-та слабо играл, а во 2020-та воопшто не играл фудбал. Во февруари 2021-ва Ботафого го пуштил слободно да си бара нова средина. Тој сега е најдобар десен бек во Шериф.
Среден ред, Едмунд Адо, 21 година, Гана
Адо во Шериф дошол пред два месеци од словачка Сеница.
Тој почнал да игра фудбал во академијата Мајти Космос од Гана, а на 18 доаѓа во Словачка каде потпишува договор со просечниот клуб Сеница. Таму одиграл две ипол години и тоа заедно со идниот лидер на Шериф Франк Касањеда. Во Сеница Адо дал три гола на 53 меча, а во јули 2021 како слободен агент дошол во Шериф.
Среден ред, Себастијан Тил, 27 години, Луксембург, стрелец на победничкиот еврогол против Реал
Тил е најинтересен играч во тимот од Тираспол. Тој пред 8 месеци дошол на позајмица од клубот Прогрес од Луксембург. Тој и неговите браќа Оливие и Венсан се прави ѕвезди во луксембуршкиот фудбал. Сите тројца играат за репрезентација, а почнале заедно во ФК Прогрес за кој играл и подоцна бил тренер татко им Серж Тил.
Најмладиот, Венсан Тил се смета за најталентиран од сите тројца, а на 15 години отишол да игра во Мец. На 16 дебитирал за репрезентација и дури одиграл 34 минути во француска Лига 1. Сега е член на украинска Ворксла.
Оливие, средниот брат, две години играл во Луксембург па после отишол во руска Уфа. Сега и тој е во Ворксла кај брат му.
Најстариот брат, Себастијан Тил е права легенда во Луксембург. Во тамошното првенство има 48 гола и 57 асистенции на дури 225 меча. Дури на 26 години оди во Европа, го позајмуваат во сиромашниот клуб Тамбов во Русија во есента 2020-та. Во Тамбов настапил на 7 меча („Таму бев околу три месеци, не сместија во некој интернат и не земавме плата, па клубот банкротираше“).
Откако Тамбов згасна, Себастијан на крај си нашол нов клуб, каде синоќа блесна.
Среден ред, Димитрис Коловос, 28 години, Грција
Грчки фудбалер кој пред една година го засилил Шериф од Панатинаикос (прво на позајмица, па во јули 2021-ва потпишал траен договор како слободен агент).
Димитрис Коловос има чуден бекградунд. Играл во грчките Панионис и Олимпијакос со кој освоил титула. После отишол една сезона во холандски Вилјем втори, па во скромниот Мехелен во Белгија со кој завршил петто место во првенството. Се вратил на Кипар каде останал шест месеци па после отишол во Панатинаикос.
Во тој период добил и повик да игра за репрезентацијата на Грција која тогаш изгуби од сите освен од Лихтенштајн и Босна.
Коловос е ѕвезда на молдавската лига. Минатата сезона имал 10 гола и 9 асистенции на 22 меча а сезонава во 4 кола веќе има 2 гола и 1 асистенција.
Десно крило, Адама Траое, 26 години, Мали
Пред осум месеци дошол од француски Мец. Адама Траоре е репрезентативец на Мали и скоро никогаш не пропуштил меч за својата земја. Во 2019-та дал гол против Мауританија на Купот на Африка.
Во 2018-та Малиецот дошол во Мец од Мазембе од ДР Конго. Но трансферот бил провала зошто Траоре одиграл само четири меча. Лошо поминал и на позајмица во Саудиска Арабија: 1 гол на 15 меча за најслабиот клуб во лигата таму.
Адама се оправил во Молдавија: 10 гола и 7 асистенции и пласман во Лига на шампиони. Тој дал два гола во квалификациите против Теута, два против Динамо Загреб и победничкиот против Шахтјор Доњецк во групната фаза.
На сензацијата со Реал тој му асистирал на Тил за победничкиот гол.
Лево крило, Френк Кастањеда, 27 години, Колумбија
Пред шест месеци Кастањеда дошол во легијата странци во Тираспол од словачка Сеница. Тој е капитен на Шериф, најдобар стрелец во екипата (31 гол на 43 меча) и најскап играч: 1 милион евра му е пазарната вредност според Transfermarkt.
Кариерата ја почнал во клубот Орсомарсо во втора колумбиска лиа. Таму дал четири гола за пола година, пред да замине во Словачка каде ја спасувал Сеница од испаѓање.
Кастањеда дал пет гола на пет меча и успеал да и донесе опстанок на Сеница. После пола година дошол во Шериф Тираспол каде е права ѕвезда. Минатата сезона имал 28 гола и 14 асистенции на 35 меча во првенството.
Во групната фаза на ЛШ уште нема гол, но затоа постигна важни погодоци против Теута и Црвена Звезда.
Напад, Жасур Јахшибоев, 24 години, Узбекистан
Пред само еден месец овој фудбалер дошол на позајмица од Легија Варшава. Тренерот на Шериф изјавил дека му е многу драго што таков фудбалер ја засилува екипата.
Никој не ни сонувал дека после само пар недели ќе му даде супер гол на Реал и тоа во Мадрид!
Жасур на 29 август потпошал договор со Шериф. Во Легија не играл воопшто. Претходно во Белорусија дал 9 гола на 14 меча за непознатиот клуб Енергетик БГУ па 7 гола на 13 натпревари за Шахтер Солигорск со кој ја освоил и титулата.
Од таму оди во Полска но не добива шанса ни на клупата.
Сега е главен шпиц на Шериф во Лига на шампиони. Тој стана само вториот Узбекистанец во историјата кој постигнал гол во Лига на шампиони. Пред него тоа беше легендарниот Максим Шацки кој во 2006-та му дал два гола на Реал Мадрид како играч на Динамо Киев (2:2).
ОД КЛУПАТА ЗА РЕЗЕРВИ ПРОТИВ РЕАЛ ВЛЕГОА:
Десното крило Бруно Соуза, 27 години, Бразил
Тој исто дошол во Шериф пред само еден месец од грчки Арис.
Пред пет години Бруно играл аматерски фудбал во втората австриска лига. Неговиот клуб Австрија Лустенау се држела меѓу првите три екипи но не влегле во прва лига па Бразилецот Соуза решил да замине во ЛАСК кој завршил прв во втора лига.
После пола година го пратиле на позајмица во Грција. Одиграл две бледи сезони во Атромитос (3 гола и 6 асистенции за 38 меча во грчката лига и две четврти места), но стасал до Олимпијакос со кој освоил титула и Куп на Грција.
Поради коронавирус и карантин тој ја пропуштил цела групна фаза ЛШ 2020/2021, го пратиле на позајмица во Арис, па дошол во Тираспол откако Шериф испиша историја со пласман во Лига на шампиони.
Лев бек, Кестон Џулиен, 22 години, Тринидад и Тобаго
Исто и овој легиониер во Шериф дошол пред една година од словачки Тренчин. Кестон на 18 години играл во словачката лига а прашање е како Тренчин нашол и се решил за фудбалер од Тринидад и Тобаго.
Џулиен бил резерва во словачкиот клуб но играл во квалификации за Лига Европа. Сега со Шериф беше дел од историско чудо на „Сантијаго Бернабеу“.
Среден ред, Бобан Николов, 27 години, Македонија
Нашиот репрезентативец направи полн погодок со трансфер во богатиот Шериф Тираспол. Откако одигра на Европското првенство 2020 со Македонија, Николов требаше да реши каде ќе ја продолжи кариерата. Во јануари годинава 2021 Лече го откупи Николов од унгарски Фехервар, Бобан се бореше со клубот за влез во Серија А но во плејоф изгубија од Венеција, па летово бесплатно потпиша со Шериф.
Бобан веќе има титули во Македонија со Вардар и во Унгарија, а сега најверојатно го чека и нова титула во Молдавија.
Беше дел од историскиот триумф на Шериф Тираспол против Реал Мадрид. Влезе во 85’ минута и одигра до крај.
Тренер - Јуриј Вернидуб, 55 години, Украина
Од тотален анононимус на европска фудбалска мапа, до стратег кој го фрли на колена Карло Анчелоти со Реал Мадрид.
Во играчката кариера играл за тотално непознати клубови како Спартак Житомир, Колос Никопољ, Чемницер, Торпедо Запопоржје, а од 1997 до 2000 настапувал за Зенит.
Како тренер почнал во Металург Запорожје и тоа како помошен во 2001/2002, па бил помшник во Зарја Луханск, а самостојно ги водел Зарја, Шахтјор Солигорск и сега Шериф Тираспол од декември 2020-та година.
Чудото од Молдавија, со 64 пати поевтин тим од Реал, веќе заработи 4 годишни буџети