Таг: шериф тираспол

Шериф загуби за прв пат во ЛШ, ама видовте ли каков гол даде поранешниот градинар?

Разврската во групата Д од ЛШ ќе биде супер занимлива за следење. И по 3 кола дебитантот од Молдавија каде игра наш Боби, е прв со 6 бода, исто колку што има и Реал. Интер е трет со 4, а Шахтјор има 1. Хитот од Луксембург, Себастијан Тил кој го закопа Реал, очигледно дека е претплатен само на евроголови.

Фудбалерите на Шериф се појавија на Џузепе Меаца како туристи

По победите против Шахтјор и Реал, дебитантот во Лига на шампиони вечерва оди на мегдан кај актуелниот шампион на Италија. Играчите се импресионирани од гостувањето и некој да не знае дека се фудбалери, ќе помисли дека ова туристичка тура. Боби е еден од ретките кој не снимаше.

Тренерот на Шериф: „Поздрав до Дирк Кајт кој рече не ни е место во ЛШ“

Јуриј Вернидуб до вчера беше тотално непознат тренер во јавноста, но откако го сруши Реал Мадрид во Лига на шампиони, даде една интересна изјава на прес конференција по мечот на „Сантијаго Бернабеу“.

Кои се јунаците на Шериф кои со Бобан Николов го шокираа Реал Мадрид

„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...

Чудото од Молдавија, со 64 пати поевтин тим од Реал, веќе заработи 4 годишни буџети

Во 2. коло од новата сезона во Лига на шампиони се случи ударна сензација. Ретко кој претпостави дека големиот Реал Мадрид ќе биде спружен на колена од молдавски шампион.

Николов ја прослави сензационалната победа над Реал со дресот на Модриќ

Не паметиме кога претходно македонски фудбалер си заминал со триумф од Сантијаго Бернабеу над кралскиот клуб во Лига на шампиони. Со таков подвиг не може да се пофалат ниту Пандев и Панчев, а некои наши медиуми веќе излегоа со податок дека Боби е прв.

Шок за Реал Мадрид, Шериф и Бобан Николов го освоија Бернабеу во 90-та минута

Вистинска лудница од изненадувачки резултати во првата ноќ од второто коло во ЛШ во кое на четири средби славеа гостите. Атлетико го совлада Милан со пресврт во 97-ма минута, Клуб Бриж го изненади Лајпциг, а Шериф го урна Реал Мадрид со Бобан Николов кој влезе во судиско. Плус деби гол на Меси во дербито на колото, како и петарда на Ливерпул.

Деби гол на Бобан Николов во стилот на Бироф

Македонскиот репрезентативец кој скоро направи трансфер од Лече во дебитантот во ЛШ од Молдавија, ја начна мрежата за Шериф Тирасол на гостувањето против Зимбру 1:1. Убав гол на Боби, дрско му ја закова.

Клуб без држава, со играчи од 14 различни земји првпат победи во Лига на шампиони

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.

Ждрепка за Лига на шампиони: Николов против Реал Мадрид и Интер, ПСЖ на Сити

Вечерашната ждрепка за групната фаза од новата сезона во Лига на шампиони донесе фантастични групи и навивачите ќе гледаат неколку мегдани.

Навивачите на Легија со неверојатна кореографија против УЕФА

Европската фудбалска унија неодамна го казни полскиот клуб Легија со 35.000 евра поради големото прекривно знаме кое што го имаа на минатиот меч а на кое оддаваа почест на стотици илјади убиени Полјаци во Втората Светска војна.