Николов ја прослави сензационалната победа над Реал со дресот на Модриќ

Не паметиме кога претходно македонски фудбалер си заминал со триумф од Сантијаго Бернабеу над кралскиот клуб во Лига на шампиони. Со таков подвиг не може да се пофалат ниту Пандев и Панчев, а некои наши медиуми веќе излегоа со податок дека Боби е прв.

Во бурната шампионска ноќ во која имаше три резултати 1:2, Клуб Бриж го изненади Лајпциг, Атлетико Мадрид го совлада Милан со спорен пенал во 97-ма минута, а на Бернабеу имаше македонски репрезентативец кој се радуваше на огромна сензација.

Шериф Тираспол го шокираше Реал Мадрид со 1:2, а Бобан Николов влезе во судиското продолжение само 2 минути откако Себастијан Тил со бомбастична левица му ја заби топката на Куртоа.

Радоста за големата победа ја сподели за Макфудбал со дрес кој му го дал Лука Модриќ.

Дебитантот во Лига на шампиони кој во третото квалификациско коло ја елиминираше Црвена Звезда, а во плејофот Динамо Загреб, сега има 6 бода и ако вака продолжи за пласман во нокаут фазата може да извиси Реал или Интер.

Админот им се отвори на Инстаграм и ги пецна Кралевите.

За играч на мечот е прогласен голманот кој го земаа на позајмица од АЕК Атина.

29 септември 2021 - 08:28