Македонскиот репрезентативец Бобан Николов само што потпиша договор со Шериф Тираспол, најголемото изненадување во квалификациите за ЛШ сезонава, вечерва дозна дека со неговиот нов тим ќе игра против врвни ривали. Николов и Шериф ќе им се спротивстават на Реал Мадрид, на Интер и на украински Шахтер Доњецк.
Во Лига на шампиони 2021/2022 ќе играат 32 клуба. Само еден тим, токму Шериф Тираспол ќе биде дебитант, за првпат ќе игра во елитното друштво.
Групната фаза почнува на 14 и 15 септември и ќе се игра до 7 и 8 декември. Финалето е предвидено да се игра на 28 мај 2022 на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург.Спектакуларна е и групата Б каде се Атлетико Мадрид, Ливерпул, Милан и Порто.
ГРУПА А: Манчестер сити, ПСЖ, Ред Бул Лајпциг, Бриж
ГРУПА Б: Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто, Милан
ГРУПА Ц: Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Ајакс, Бешикташ
ГРУПА Д: Интер, Реал Мадрид, Шахтер, Шериф
ГРУПА Е: Баерн Минхен, Барселона, Бенфика, Динамо Киев
ГРУПА Ф: Вилјареал, Манчестер јунајтед, Аталанта, Јанг Бојс
ГРУПА Г: Лил, Севилја, Ред Бул Салцбург, Волфсбург
ГРУПА Х: Челси, Јувентус, Зенит, Малме