Шериф загуби за прв пат во ЛШ, ама видовте ли каков гол даде поранешниот градинар?

Разврската во групата Д од ЛШ ќе биде супер занимлива за следење. И по 3 кола дебитантот од Молдавија каде игра наш Боби, е прв со 6 бода, исто колку што има и Реал. Интер е трет со 4, а Шахтјор има 1. Хитот од Луксембург, Себастијан Тил кој го закопа Реал, очигледно дека е претплатен само на евроголови.

Во четврто коло имаат реванш со Интер, дуел кој може да биде клучен за пласман во нокаут фаза.

Јунакот кој го закопа Реал во финишот, ја посрамоти и Македонија во 92-ра минута

Лани бил градинар, собирал лисја и гранки, сега со еврогол го сруши Реал Мадрид

20 октомври 2021 - 09:11