Славниот универзитет - симбол на елитистичка и строга академска атмосфера - тукушто откупил огромна збирка книги, постери, филмови, писма и други предмети поврзани со...секс и дроги!
Бет Дејвис еднаш рече: "Староста не е за пичкици". Во продолжение, фотографии од дузина познати жени кои својата зрелост ја носат храбро и достоинствено.
13 полицајци од Кливленд се ставени на суспензија се додека не се утврди зошто им биле потребни 137 куршуми за да убијат двајца невооружени криминалци.
ЕнБиСи Универзал и Виаком годинава успеаа да извадат профит од 50%, со што станаа "најпрофитабилниот голем бизнис во САД," анализира Њујорк Тајмс. Главна причина за ова, пеколно добра сопствена продукција.
На прашањето кое пред некое време го загатна Емили, решивме одговор да побараме на вистинското место: на пазарот на трудот, односно сексот. Буричкавме малку по огласи и еве ги нашите фаворити:
Откако првите 90 дена ги почна со 40 милиони долари загуба, по година ипол постоење Руперт Мурдок го затвора The Daily, весникот направен исклучиво за Ајпад таблетот. The Daily беше обид на Мурдок да докаже дека може да се живее од претплата за вести.
Секој што ќе потроши над 30 евра во еден италијански супермаркет ќе учествува во извлекувањето за работно место во супермаркетот. Не сите се пресреќни со ваквата рекламна кампања сред една најголемите кризи на земјата.
Иако низ цела Грција на изборите варирала поддршката за Златна Зора, речиси на сите места на кои гласала грчката полиција партијата имала натпросечен број на гласови, анализира Ал Џезира.
Генералниот секретар на ФИФА успеа да направи хаос на едноставно извлекување на две групи со по 4 репрезентации за Купот на Конфедерации што следната година ќе се одржи во Бразил.
Во село Челопек постои црква и постои конак. И токму во овој духовен простор, некако се дошло до сензационално провидение за начините на кои Господ им се обраќа на луѓето.
Во форма на предупредувачки меил, ни стигнаа фотографии од едно наше момче кое се одзива на името Г-дин Бобо (моментално Без Број). Наводно студирал на Американскиот колеџ во Скопје а моментално живее во Белград. Она што нè натера да ги објавиме фотките е морничавата најава дека е можно и тој да има естрадни амбиции. А кој се изгорел на 13, ќе дува и на Без Број.
По 20 извозени трки, Себастијан Фетел освои 281 поен и со 25 години и 152 денови стана најмладиот трикратен шампион на 63-то издание на Формула 1 шампионатот, а ова се дел од бројките кои ја одбележаа сезоната.
Станува збор за градови кои се направени од нула. Било празна полјана, измериле нацртале и направиле град. Главната поената на овие градови е да се оптимизира животниот простор, зеленилото, сообраќајот.
Ете што се случува кога ќе купиш кош Made in China. На турнеата во Еквадор, кошаркарите на Харлем Глоубтротерс ја искршија цела табла и тоа не еднаш, туку два пати.
Претходниве 7 дена пропуштив неколку многу важни настани од исклучително значење за понатамошниот тек на историјата на светот по теориите на хаос, пеперутки и мајански релативитет (кога Маја ќе ми каже дека е океј, тогаш не е океј). За реконструкција на дел од нив ќе ми треба твојата помош. Биди човек и избави ме од прегратките на Лукавиот (да му рогови мочам од ќерамиди) кој ми го исклучува телевизорот во епохални моменти!