Лотарија за вработување

Секој што ќе потроши над 30 евра во еден италијански супермаркет ќе учествува во извлекувањето за работно место во супермаркетот. Не сите се пресреќни со ваквата рекламна кампања сред една најголемите кризи на земјата.

Наградата вработување како касиер/ка или асистент/ка во сала, кои ќе добијат договор на делумно работно време (24 часа неделно) со плата од 1.100 евра месечно.

"Никој не вика дека она што ќе започне како договор на определено време не може да се претвори во траен договор за некој од нашите победници," изјавила Алесандра Алоиси, директорката на човечки ресурси на маркетот OnePrice.

Обвинувањата дека лотаријата е "шамар" за огромниот број невработени во земјата, од компанијата ги отфрлаат по основа дека тие само се обидуваат да им помогнат на луѓето во тешки времиња.

Алоиси се пофалила дека кампањата била прилично популарна меѓу корисниците.

3 декември 2012 - 14:14