1 - само една 1-2 победа беше забележана оваа сезона. Фетел победи, а Вебер заврши на втората позиција во Јужна Кореја.
3 - тима не освоија ниту еден поен: Катерхем, Хиспанија и Марусија.
4 - победи е најдолгата победничка серија во сезоната. Фетел победи во Сингапур, Јапонија, Јужна Кореја и Индија.
8 - различни победници: Фетел (5), Хамилтон (4), Алонсо (3), Батон (3), Вебер (2), Раиконен (1), Розберг (1) и Малдонадо (1).
10 - пати Фетел се искачи на подиумот. 5 победи, 3 пати како второпласиран и 2 пати како третопласиран.
90 - претекнувања на трката во Кина што е најмногу на една трка оваа сезона, а најмалку имало во Монако - 12.
180 - километри беше просечниот век на траење на една гума за сува подлога. Гумите за дожд во просек издржувале по 140 километри.
231 - стотинка или 2 секунди и 31 стотинка им беа потребни на механичарите од Мекларен да му ги сменат гумите на Батон во Германија и да постават нов рекорд.
957 - пати болидите влегле во пит стоп оваа сезона.
248,241 - километри на час е највисоката просечна брзина која ја достигна Луис Хамилтон во Монца.
9.892 - секунди (2 часа, 44 минути и 52 секунди) траше најдолгата трка во Малезија. Најкратка трка се извозе во Британија и траеше 5.111 секунди (1 час, 25 минути и 11 секунди).
31.800 - гуми беа потрошени на трките оваа сезона. 22.500 гуми за суво, 9.300 за дожд и 6.600 за тестирање.