Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 тиква средна големина
- 3 компири
- 2 кромид главици
- 2 парчиња репка
- 2 парчиња цвекло
- 2 лукчиња
- 1 лажичка ким
- 60 мл. маслиново масло
- 2 лимон
- 2 лажици шеќер кафеав
- сол и бибер
- ореви
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ја тиквата, исчистете ги семките и исечете ја на парчиња. Излупете ги кромидот, репката и цвеклото и исечете ги на парчиња со еднаква големина. Компирот убаво измијте го и исечете го на парчиња без да го лупите.
Во сад додадете ги сецканиот лук, кимот, шеќерот, маслото, неколку јатки ореви, сокот од лимон и биберот и промешајте ги сите состојки. Распоредете го зеленчукот (без цвеклото) на плех и посипете го со приготвениот сос. Добро промешајте. На дел од плехот на хартија за печење ставете го цвеклото, за да не го обои останатиот зеленчук. Посипете го и цвеклото со сосот. Посолете го зеленчукот по желба и ставете да се пече во загреаната рерна.
Печете 30-тина минути додека зеленчукот не омекне и добие златна боја.