
Главната библиотекарка во Харвардската библиотека на модерни книги и ракописи, Лесли Морис, ја открила збирката кога била во Европа минатата година. Таа е една од најголемите во светот, со околу 30,000 книги и 25,000 постери и фотографии.
Таа била составена од колумбискиот бизнисмен Хулио Марио Санто Доминго помладиот, очигледен љубител на еротика. 10,000 други предмети се дел од Hugh Ludlow Memorial Llibrary, а се однесуваат на психоактивни дроги.
Збирката е уникатна и потребна, се вели во образложението, затоа што ќе им служи на идните академски граѓани, како и на нивните професори, во голем број дисциплини - медицина, уметност, поезија. Таа вклучува дури и три полици готвачи, кои содржат рецепти за, на пример, мафини со хашиш.
Тимоти Лири, некогашен вработен на Харвард, кого го отпуштиле заради дроги, би бил горд на неговиот поранешен работодавец.