Зимски десерт

Печени јаболки

Печени јаболки со крем од бадеми и прелив од карамел.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
50 мин.

Вкупно време:
1 ч. 20 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 6 големи јаболки
  • 80г. урми без семки, исецкани
  • 60г. путер
  • 25г. бадеми. исецкани на ливчиња
  • 2 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажица рендан свеж ѓумбир
  • 2 лажички рендана кора од портокал
  • 160мл. свеж сок од портокал
  • 80мл. вода
  • 1/2 лажичка каранфилче
  • 300мл. слатка павлака

Прелив

100г. кафеав шеќер
60мл. вода

Подготовка

Одстранете ги семките од јаболките и издлабете ги без да ги сечете на парчиња. Загрејте ја рерната на 180 степени. Наредете ги јаболките во плех обложен со хартија за печење со отворот нагоре. Измешајте ги во еден сад урмите, бадемите, путерот, кора од портокал и ѓумбир. Со оваа смеса наполнете ги јаболките. Истурете во плехот покрај јаболките вода и сок од портокал и зачинете со каранфилче. Печете ги јаболките 40-50 минути додека да омекнат. Потоа тргнете ги на страна 10 минути за да се оладат.

Во меѓувреме обложете плех со хартија за печење. Во тава измешајте го кафеавиот шеќер и водата и ставете ги на рингла на среден оган. Гответе ја смесата со постојано мешање додека да се растопи шеќерот. Потоа намалете ја јачината на ринглата и оставете го карамелот да се готви уште 10 минути без мешање. Истурете ја смесата врз обложениот пелх и оставете ја да се излади и стврдне. Потоа искршете го карамелот на парченца и измешајте го со изматена слатка павлака. Послужете го кремот со карамел со јаболките.

На здравје!

6 декември 2012 - 19:05