Весникот дава вовед со одлуката на Шваб да го намали просекот на возраст на вработените со тоа што избира група од вработени над 50 години и му наредува на директорот на човечки ресурси да ги отпушти сите до еден. Кога од службата добива повратно дека не може тек така да ги отпушти заради возраст, Шваб решава да го отпушти директорот.
Тие ја пренесуваат и ситуацијата кога тазе унапредена жена му кажува дека е трудна, што го вознемирува Шваб бидејќи немала да може да работи со исто темпо како до тогаш, па решава да ја отпушти.
„Под децениското управување на Шваб, Форумот дозволи да се развие атмосфера која е непријателска кон жени и црнци на нивното работно место, според интерни документи, меил размена и интервјуа со десетици и поранешни вработени на Форумот и други луѓе запознаени со праксите на Форумот,“ пишува ВСЖ.
Во сето ова бил вклучен и Шваб, за кого вработените тврдат дека често пати давал чудни и несоодветни забелешки околу изгледот на колешките.
Една од интервјуираните жени која работела во СЕФ во 2000-те, изјавила дека непристојноста на Шваб била „ужасно нешто да се истрпи како жена“. Таа раскажува за ситуација кога тој „ја потпира својата нога на биро со меѓуножјето директно свртено кон нејзе и и вели дека би сакал таа да е Хавајка затоа што сака да ја види во хавајски костим.“
Демантот на СЕФ околу овој инцидент е дека Шваб не знаел што е хавајски костим.
Шваб по децении раководење со СЕФ во мај годинава објави дека се повлекува од позицијата извршен претседател, но планира да остане како неизвршен претседател на бордот на доверители. Според правилата на СЕФ најмалку еден член на најблиското семејство на Шваб мора да биде на Бордот на доверители.