Тук почива Тутмос Втори
21 февруари 2025
- По повеќе од еден век од откривањето на гробницата на Тутанкамон во 1922 година, откриена е гробница на друг египетски фараон - онаа на Тутмос Втори.
- Тутмос II најверојатно владеел 13 години (околу 1492–1479 п.н.е.) и тоа беше последната исчезната гробница на кралевите од прочуената 18-та династија, која владеела со Египет помеѓу 1550 и 1292 година п.н.е.
- Бидејќи гробницата, првпат откриена во 2022 година, се наоѓа на 2,4 километри од Долината на кралевите а поблиску до Долината на кралиците, археолозите биле изненадени кога во неа откриле цврсти докази дека тоа е почивалиште на Тутмос Втори кој го нема дочекано ни 30-от роденден.