Лос Анџелес Лејкерс ги победи Њу Орлеанс Хорнетс со 103:87, а на Коби Брајант му беа потребни само 13 поени да ја помине границата од 30.000 поени.
Тоа му успеа уште во првото полувреме, натпреварот го заврши со 29 поени, односо вкупно 30.016 во неговата кариера.
Со 34 години тој стана најмладиот кошаркар кој успеал да постигне над 30.000 поени. Пред него тоа го сторија Вилт Чембрлен (31.419), Мајкл Џордан (32.292), Карл Мелоун (36.928) и Карим Абдул Џабар (38.387 поени). Чембрлен имаше 35, Џабар и Мелоун 36, а на Џордан тоа му успеа на 38 години.