Daily ќе продолжи со постоење како бренд, а најголем дел од технологијата ќе биде искористена за останатите весници на Њуз Корп. Во времето на затворањето Daily вработуваше 120 лица.
Стартувањето на комплетниот проект (новинари, вработени, апликација, платформа...) чинеше 30 милиони долари. А во првите 90 дена од постоењето таа направи загуби од дополнителни 10 милиони долари.
Загубите следуваат и покрај тоа што во јуни 2011-та, Daily имаше 100.000 претплатници од кои секој плаќаше по 0,99 долари неделно.
Сепак и покрај ова тие никогаш не успеаа да направат никаков профит. Математиката е дека за Daily да биде исплатлив треба да собере над 1 милион редовни претплатници.