Бруталност, ниво - макс.

13 полицајци од Кливленд се ставени на суспензија се додека не се утврди зошто им биле потребни 137 куршуми за да убијат двајца невооружени криминалци.

Фактите околу целиот случај се прилично напнати:

- на убиството му претходело 25 минутна потера со автомобил,

- неидентификувани полицајци од Кливленд лажно пријавиле дека на нив е пукано од автомобилот во кој биле  Тимоти Расел и Малиса Вилијамс,

- повеќе од 30 полицајци биле вклучени во потерата,

- од нив 13 полицајци испукале 137 куршуми кон Расел и Вилијамс

- од овие, 47 куршуми ги погодиле и ги усмртиле двајцата осомничени

Да нема сомнежи, двајцата осомничени биле криминалци и двајцата бегале од полицијата, меѓутоа во ниту еден момент немале оружје, ниту пак пукале кон полицајците.

Моментално 13-те полицајци издржуваат суспензија и се на испитување од внатрешна контрола на кое треба да објаснат што се случило.

6 декември 2012 - 10:12