Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 1 лажица маслиново масло
- 1 кромид црвен, сецкан на тенки ленти
- 100 гр. сланина сецкана на тенки ленти
- 4 јајца
- 20 гр. путер
- 50 гр. кашкавал рендан
- 2 лажици магдонос ситно сецкан
Подготовка
Загрејте масло во тава на средна температура. Додадете го кромидот и сланината и пржете неколку минути додека сланината не стане крцкава. Тргнете ја смесата во сад и покријте ја да остане топла.
Изматете ги јајцата со две лажици ладна вода и зачинете со бибер и магдонос. Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во мала тава на рингла стопете половина од путерот на средна температура. Додадете половина од изматените јајца. Наведнете го тавчето за да се облие со јајцата. Гответе 1 минута. Додадете половина од смесата со кромид и сланина и посипете половина од ренданиот кашкавал. Ставете ја тавата во рерна и печете додека омлетот не добие златно кафена боја и додека не се растопи кашкавалот.
Повторете ја постапката со преостанатите состојки за да го направите вториот омлет. Послужете го омлетот со потпечени лепчиња.