Лингвини со босилек

Паста со песто сос и босилек

Тестенини со песто и пармезан за лесен ручек.

Време на подготовка:
4 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

400 гр. лингвини или шпагети по желба
30 гр. босилек свеж
2 лажици ореви мелени
1 парче лук
2 лажици пармезан рендан
60 мл. маслиново масло
пармезан за сервирање

Подготовка

Сварете ги лингвините според инструкциите од пакувањето.

Исцедете ги. Во блендер додадете ги пармезанот, лукот, оревите и босилекот и блендирајте. Постепено додавајте го маслото и продолжете со блендирање. Помешајте ги лингвините со подготвениот песто сос и сервирајте. Одозгора додадете пармезан по желба.

Добар апетит!

6 декември 2012 - 19:11