Сиктер ќотек

Во најкарате сторијата на денот, Кинез во крајно Брус Ли манир претепува речиси десетина мажи кои доаѓаат да го иселат од неговиот дом.

Повеќе од 6 месеци, градежна компанија од провинцијата Хебеи се обидува да го натера 38-годишниот Шен Џианжонг, да ја продаде неговата куќа, која им пречи во нивниот проект за градење на нов град. Она што не го знаат е дека Шен повеќе од 20 години тренира кунг фу, а е запослен како тренер во локалниот фитнес клуб.

Дента на инцидентот група од 30 до 50 мажи се појавиле пред неговата влезна врата.

"Жена ми се обиде да ја затвори вратата ама тие ја турнаа и таа падна. Тогаш почна тепачката," изјавил Шен.

По ова тој и неговиот 18 годишен син (исто така кунг фу следбеник) им се пуштиле на напаѓачите, од кои 7 завршиле на патос во ходникот на куќата. Останатите напаѓачи се повлекле од куќата а дел и се разбегале.

"Го нарекуваат проект за ремоделирање кое селото треба да го претвори во град. Сакаа да ги урнат куќите во целата улица и ни ветија дека за 2 години ќе добиеме нови куќи со иста големина, како и пари се кирија додека да се вселиме во нив. Но слушнавме дека луѓето во соседното село добиле подобра понуда, па одбивме да потпишеме," објаснил Шен.

Тој раскажува дека во прво време компанијата целата улица ја облепила со постери во кои семејствата се предупредуваат на последиците од останувањето. Откако 70 од 100 семејства си заминале, заканите ескалирале.

"Битангите речиси секој ден ги блокираа улиците. Потоа ги закачаа жените заканувајќи им се дека ќе им ги убијат децата. Потоа почнаа да ни фрлаат цигли преку прозорци и да палат огномети. Некои луѓе беа претепани на улица," раскажува Шен.

30 ноември 2012 - 15:02