Чорби

Крем чорба од шампињони

Вкусна чорба од шампињони со павлака.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 300 гр. шампињони
  • 40 гр. путер
  • 30 гр. брашно
  • 1 кромид помала главица
  • 1 л. вода
  • 1 коцка за супа зеленчукова
  • 1 филџан павлака
  • 0.5 лимон
  • магдонос
  • сол и бибер

Подготовка

Исецкајте три шампињони на ливчиња. Остатокот од шампињоните сомелете го. Ситно исецкајте ја главицата кромид.

Ставете ја коцката супа во литро топла вода.

Сомелените шампињони и кромидот пропржете ги во длабок сад на путер. Откако ќе се испржат, додадете го брашното и промешајте. Потоа додадете ја супата и оставете ја да зоврие. Додадете го сокот од лимон, сол и бибер по вкус. Во чорбата додадете ја павлаката и тргнете ја на страна. Кратко испржете ги ливчињата шампињони.

Сервирајте ја чорбата украсена со парчињата шампињони и сецкан магдонос.

3 декември 2012 - 07:00