Експертите за човечки ресурси прво објаснуваат дека луѓето комплетно погрешно ги употребуваат овие листи на најдобри работодавци: "Ова не се некои добри алатки за наоѓање работа, освен ако не си млад и подвижен, и подготвен да одиш каде и да те однесе работата. Тие повеќе им служат на работодавците за да измерат колку вредат некои работи кои не можеме да ги преброиме и да ги квантификуваме, но сепак се важни за нас."
Главната предност на хај-тек компаниите е што тие се навикнати постојано да се натпреваруваат за најдобрите работници.
"Работата со хај-тек компаниите е што тие се натпреваруваат за својот кадар. На пример, Гугл знае дека е потребно да се изгради култура на поддршка за да се привлечат најдобрите, и тие го направија тоа. Тие секогаш се пред останатите, и ние мораме постојано да ги следиме," објаснуваат аналитичарите за ReadWrite.
За сите што уште бараат работа, тие порачуваат да не се грижат ако нивните вработени ги нема на листите за најдобри работодавци, но предлагаат и понатаму да ги анализираат листите за можни предлози за компании кои инаку ги прескокнале.