Телевизиите масовно удираат на квалитет (ама не нашите)

ЕнБиСи Универзал и Виаком годинава успеаа да извадат профит од 50%, со што станаа "најпрофитабилниот голем бизнис во САД," анализира Њујорк Тајмс. Главна причина за ова, пеколно добра сопствена продукција.

Каналите како AMC, им наплаќаат на кабелските оператори (како Комкаст) околу 40 центи по претплатник месечно (во одбрана на нашите телевизии, они не зимаат ни приближно блиску од кого било). Оваа сума можат да ја оправдаат само благодарејќи на висококвалитетни телевизиски серии кои можат да привлечат "опсесивна публика," како Breaking Bad и Mad Men.

По оваа основа AMC собира 30 милиони долари месечно од вкупно 80 милиони претплатници на кабелска телевизија, иако помалку од 3 милиони корисници ја имаат изгледано последната епизода на Breaking Bad.

"Телевизиите неспорно влегоа во војна на квалитет. Основните кабелски канали мораат да емитуваат шоуа кои се толку добри што публиката ќе збесне по нив ако некој им ги одземе. Премиум каналите, кои го започнаа овој економски модел, се обврзани да ги направат своите шоуа уште подобри. И некако сите успеваат да направат еден тон пари," пишува Адам Дејвидсон за Њујорк Тајмс.

Годинава кабелските програми на ЕнБиСи Универзал се очекува да донесат околу 5 милијарди долари, од кои половина се профит. Приходите на Виаком ќе бидат над 8 милијарди долари, од кои 49% се профит.

5 декември 2012 - 09:18