Во престолнината на Република Ирска, Даблин, во 12 часот по средноевропско време се извлекоа квалификациските групи за ЕП 2020 година кое за првпат во историјата ќе се игра на различни места во повеќе градови.
Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски го објави списокот за претстојниот пријателски натпревар против Словенија. На него ги нема Пандев, Новески и недисциплинираните Попов и Ристиќ, а нови имиња се Блажевски, Цикарски и Јаховиќ.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери кои ќе им се спротистават на Хрватска и Србија во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за почетните две гостувања од квалификациите за Светското првенство во Бразил.
Европското првенство во Полска и Украина веќе одамна заврши, па аналитичарите имаа време да ги сумираат статистиките и да заклучат нешто што одамна го знаеме - подобриот не победува секогаш.
Икер Касиљас уште еднаш потврди дека е голем џентлмен на теренот. Во последните секунди од финалето на Европското првенство против Италија, тој побара од помошниот судија да се свири крај на натпреварот од почит кон противникот.
Шпанците доминираат и во тимот од најдобрите 23 фудбалери, а за најдобар играч на Европското првенство во Полска и Украина, техничкиот тим на УЕФА го прогласи шампионот Андрес Иниеста.
Една мелодија ги освои срцата на сите фудбалски навивачи од целиот свет до толку што организаторите на Европското првенство во Полска и Украина решија да ја пуштаат по секој постигнат гол. Како Seven nation army на White Stripes стана фудбалска химна?
Продолжува италијанскиот кошмар за најголемиот фаворит. Репрезентацијата на Италија повторно беше поуспешна од Германија и со двата гола на Марио Балотели се избори за финале против Шпанија на Европското првенство во Полска и Украина.
Втор патник помеѓу најдобрите четири на Европското првенство во Полска и Украина е репрезенацијата на Германија откако очекувано ја надигра Грција и славеше со 4:2 и во полуфиналето го чека подобриот од четвртфиналниот дуел помеѓу Англија и Италија.
Репрезентацијата на Португалија е првиот полуфиналист на Европското првенство во Полска и Украина откако во четвртфиналето минимално славеше против Чешка со погодокот на Кристијано Роналдо.
И вториот домаќин на Европското првенство, репрезентацијата на Украина е елиминирана на натпревар кој повторно ги отвори дискусиите за воведување на видео технологијата во фудбалот, чиј најголем противник е токму претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Англија и Франција се последните патници во четврт-финалето.
Не се исполнија предвидувањата на Италијанците дека Шпанија и Хрватска би можеле да одиграат со резултат кој ќе значи нивна елиминација. Италија и Шпанија се патниците во четврт-финалето од групата Ц, а Хрватите заедно со Ирците ги спакуваа куферите.
Европското првенство во Полска и Украина освен добар фудбал ни понуди и добри девојки. Понудата е толку добра што бевме на тешки маки додека ги одбереме најдобрите 20.
Со двата гола постигнати во дуелот против Холандија, Кристијано Роналдо забележа уште еден рекорд во кариерата. Напаѓачот на Реал Мадрид стана првиот португалски фудбалер, кој успеал да се запише во листата на стрелците на пет големи натпреварувања.
По чекање од четири години, дојде и тој ден. Започнува фудбалскиот спектакл на кој 368 играчи од 16 репрезентации ќе атакуваат на пехарот од Европското првенство во Полска и Украина.
На Европското првенство во Полска и Украина ќе настапат скоро сите најголеми фудбалски ѕвезди на стариот континент, но и помлади фудбалери кои имаат потенцијал да блеснат и да го искористат ова натпреварување за пробивање кон врвот. Ова се дел од нив.
На Европското првенство ќе учествуваат 16 репрезентации со по 23 фудбалери од кои 34 не се родени во државите кои ќе ги претставуваат, а 11 од нив не се ни родени во Европа.
Според коефициентите на обложувалниците, најголеми фаворити за освојување на Европското првенство во Полска и Украина се репрезентациите на Шпанија и Германија, а најголеми аутсајдери се Ирците.
На Европско првенство во Полска и Украина ќе учествуваат 16 репрезентации, а 14 од нив имаат по барем еден фудбалер кој игра во Англија. Клуб кој ќе прати најмногу играчи на првенството е Баерн Минхен, а фудбалери на Арсенал ќе настапат за седум различни репрезентации.
Британската телевизија БиБиСи преку својот документарец „Стадиони на омразата" прати јасна порака дека УЕФА згрешила со тоа што им го доделила Европското првенство на Полска и Украина и навивачите не треба да патуваат таму, но дали тие малку претераа?
Одбројувањето започна. На десет дена пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина, да се потсетиме на најдобрите десет голови од минатите изданија на ова натпреварување. Да се надеваме дека и оваа година ќе гледаме вакви мајстории.