Роналдо серијата ја отвори уште во 2004-тата година кога на Европското првенство успеа да постигне гол во мечот против Грција.
Две години подоцна беше стрелец на Мундијалот во Германија, а Роналдо ја тресеше мрежата на противниците и на следните две натпреварувања, Евро 2008 и Светскиот куп во Јужна Африка во 2010.
Роналдо во првите две кола на шампионатот во Полска и Украина иако имаше неколку извонредни шанси за гол не успеа да се впише во листата на стрелците, но првата ѕвезда во португалскиот тим против Холандија на два пати го совлада Штекеленбург и на својот тим му донесе настап во четврт-финалето.